Deuteronomy 212006

1Ако во земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава да ја наследиш, се најде убиен човек во полето, и не се знае, кој го убил,

2нека излезат твоите старешини и судиите и нека го измерат растојанието од убиениот до градовите наоколу;

3и старешините на градот, што е најблиску до убиениот, нека земат јуничка, со која не е работено која не носела јарем,

4и старешините од тој град нека ја одведат таа јуничка во пуст, не­обработен и незасејуван дол, и таму — во долот, нека ја заколат јуницата;

5потоа нека пристапат свештениците, синовите Левиеви, бидејќи Господ, твојот Бог, нив ги избра да Му служат и да благословуваат од името Негово, и според зборовите нивни да се пресуди секоја расправија и секоја причинета повреда,

6и сите старешини од тој град, нај­блискиот до убиениот, нека си ги измијат рацете над главата на закланата јуница во долот,

7па да објават и да кажат: „Нашите раце не ја пролеаја оваа крв и нашите очи не видоа;

8очисти го од грев, Господи, народот Свој израелски, кој си го ослободил и не допуштај да остане врз него невина крв.“ И тие ќе се очистат од крвта.

9Така треба да ја отстрануваш од себеси крвта на невиниот, ако сакаш да правиш добро пред Господ.

10Кога ќе излезеш во бој против непријателите свои, и Господ, твојот Бог, ти ги предаде во рацете твои, и ти ги заробиш,

11па видиш меѓу заробените жена убавица, и ја засакаш, и ќе посакаш да си ја земаш за жена,

12одведи ја во домот Твој, и нека ја истриже таа главата своја и нека ги исече ноктите свои,

13нека ја соблече ропската облека, не­ка живее во домот твој, и да го оплакува таткото свој и мајката своја цел месец; потоа можеш да влезеш при неа, и да ѝ станеш маж, и таа да ти биде жена.

14Ако, пак, отпосле таа не ти е по волја, отпушти ја, но не продавај ја за сребро, ниту да ја имаш за робинка, зашто ти си ја обесчестил.

15Ако некој има две жени — едната сакана, а втората несакана, па тие и двете му родат синови и ако првородениот син му е од несаканата жена,

16тогаш, при поделбата на имотот меѓу синовите, тој не може да даде првенство на синот од саканата жена, место на првородениот од несаканата,

17туку е должен да го признае за свој првенец синот од несаканата жена и нему да му даде двоен дел од сиот имот, бидејќи тој е почеток на неговата сила; нему му припаѓа правото на првород­ство.

18Ако некој има буен и непокорен син, кој не го слуша гласот на својот татко и гласот на својата мајка, па иако го казнувале, тој пак е непослушен;

19тогаш татко му и мајка му нека го земат и одведат при старешините на градот, при вратите на своето место­живеење,

20па нека им кажат на градските старешини: „Овој наш син е буен и не­по­корен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница.“

21Тогаш сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така ис­чистете го злото од самите себе, и дру­гите ќе чујат и ќе се уплашат.

22Ако некој направи грев, што за­служува смрт, па биде умртвен, и ти го обесиш на дрво,

23телото негово да не преноќева на дрвото, туку погреби го истиот ден, зашто проклет е од Бога секој кој виси на дрво, и не осквернувај ја земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Deuteronomy 21.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.