Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 18

:
Macedonian - 2006
1 Да нема дел и наследство во Израел за свештениците левити, во целото племе Левиево; тие треба да се хранат од жртвите за Господ, и од делот Негов,
2 за нив нема да има дел меѓу браќата негови: Самиот Господ е негов дел, ка­ко што му рече Тој.
3 Еве, што треба да биде определено за свештениците од народот, од оние, што принесуваат жртва вол или овца или коза; на свештеникот треба да му се дава плешката, вилиците и утробата;
4 давај му исто така и првина од пче­ницата твоја, од виното твое и од маслото твое, и првината од стригот на овците твои,
5 бидејќи Господ, твојот Бог, него го избра од сите твои племиња да стои и да служи во името Господово, тој и синовите негови во сите денови.
6 И ако левит некој дојде од некој од твоите градови, низ целата земја на Из­раел, каде што живеел тој, и по желба на душата своја дојде на местото, што ќе го одбере Господ,
7 и почне да служи во името на Гос­под, својот Бог, како и сите негови бра­ќа левити, кои стојат таму пред Господ,
8 како храна нека добие еднаков дел, освен добиеното од продажбата на татковиот имот.
9 Кога ќе влезеш во земјата, која Гос­под, твојот Бог, ти ја дава, да не свик­неш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи;
10 да не се најде меѓу вас човек кој го тера синот свој или ќерката своја да помине преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или, пак, маѓесник,
11 бајач, или што повикува духови, ниту, пак, волшебник, ни таков што раз­говара со мртви;
12 зашто, секој, кој го прави тоа, е гнасен пред Господ, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе.
13 Биди непорочен пред Господ, твојот Бог;
14 зашто тие народи, што ти ги прогонуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, на тебе ти го забранил.
15 Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене, Него слушајте Го,
16 бидејќи ти Го молеше Господа, твојот Бог, кај Хорив во денот на собранието, велејќи: „Да не го чујам во иднина гласот на Господ, нашиот Бог, и да не го видам повеќе тој голем оган, за да не умрам.“
17 И ми рече Господ: „Добро е тоа, што го кажале;
18 Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Тој ќе им каже сѐ, што Јас ќе му заповедам;
19 а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе ги говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам.
20 Кој, пак, пророк ќе се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ќе зборува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен.“
21 Но ќе си речеш во срцето свое: „Како ќе разбереме кои зборови не ги кажал Господ?“
22 Еве како ќе ги дознаете: ако пророкот говори од името на Господ, и зборовите не се збиднат и не се исполнат, тогаш Господ не ги кажал тие зборови, туку ги кажал пророкот поради својата дрскост, не плаши се од него.