Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 13

:
Macedonian - 2006
1 Погрижи се да исполнуваш сѐ што ти заповедам денес; не додавај кон тоа и не одземај од него.
2 Ако се појави меѓу вас пророк, или човек што има сновиденија, и ти покаже знамение или чудо,
3 и ако се оствари тоа знамение или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: „Да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш,“
4 ти не го слушај гласот на таков пророк, или на таков човек што има сновиденија; бидејќи преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае, дали Го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.
5 Господа, вашиот Бог, следете Го, и плашете се од Него; извршувајте ги Неговите заповеди и слушајте го гласот Негов, и Нему служете Му и бидете приврзани кон Него.
6 А оној пророк, или оној човек што има сновиденија да биде осуден на смрт, поради тоа што те убедувал да се откажеш од Господ, твојот Бог, Кој те изведе од египетската земја и те избави од домот на ропството; зашто сакал да те одврати од патот, по кој Господ, твојот Бог, ти беше заповедал да одиш; така истребете го злото од вашата средина.
7 Ако тајно те наговорува братот твој, син на твојата мајка, или твојот син, или ќерката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кој е за тебе како душата твоја, па ти рече: „Да одиме и да им служиме на другите бо­гови“, што не ги познаваше ти и твоите предци,
8 на боговите на оние народи, што се околу тебе, од едниот крај на земјата до другиот,
9 не се согласувај со него и не слушај го; и да не ти се смили окото твое над него, не жали го и не сокривај го,
10 туку убиј го; прво твојата рака нека биде врз него, за да го убие, а потоа рацете на целиот народ;
11 убиј го со камења, да умре; бидејќи тој сакал да те отстрани од Господ, твојот Бог, Кој те изведе од египетската земја, од домот на ропството.
12 Целиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се исплаши, и нема во иднина да прави среде вас такво зло.
13 Ако чуеш за некој од твоите градови, што Господ, твојот Бог, ти ги дава за да се населиш во нив,
14 дека во него се појавиле нечесни луѓе од твојата средина, кои ги со­б­лазниле жителите на тој град, ве­лејќи: „Ајде да им служиме на други богови, кои вие не ги познававте“,
15 ти испитај и дознај добро: и ако е тоа чиста вистина дека е направена таква одвратност меѓу вас,
16 погуби ги жителите на тој град со сечилото на мечот, проколни го него и сѐ што е во него; и добитокот негов со меч погуби го,
17 а сите добра од него собери ги среде плоштадот негов и изгори ги заедно со градот како сепаленица пред Господ, твојот Бог; и да биде тој вечно пуст никогаш да не се обнови.
18 И до ништо од проколнатото да не се допре раката твоја, за да го скрати Господ гневот на Својата јарост, па да ти даде милост и да ти прости, и да те намножи, како што се колнеше на твоите предци,
19 ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, извршувајќи ги сите Негови заповеди, што сега ти ги кажувам, и правејќи добро пред очите на Господ, твојот Бог.