Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 14

:
Macedonian - 2006
1 Вие сте чеда на Господ, вашиот Бог; не правете зарези на телото свое и не ја стрижете косата над очите свои за умрено;
2 зашто вие сте свет народ на Господ, вашиот Бог, и Господ вас ве избра од сите народи, што се на земјата, за да бидете Негов народ.
3 Не јади ништо нечисто.
4 Еве ги животните што можете да ги јадете: говедо, овца, коза,
5 елен, срна, бивол, див вол и жирафа.
6 Секое животно што има разделени копита и на двете копита длабок зарез, и секое животно што прежива, јадете го.
7 Од оние, што преживаат и имаат разделени копита со длабок зарез, не јадете само: камила, питом зајак и див зајак, зашто тие, иако преживаат, нивните копита не се разделени: тие се нечисти за вас;
8 и свињата, бидејќи, иако копитата ѝ се разделени, но таа не прежива: таа е нечиста за вас; месото нивно не јадете го и до труповите нивни не се допирај­те.
9 Од сите водни животни јадете ги сите оние, што имаат перки и лушпи;
10 а другите што немаа перки и лушпи, не јадете ги: тие се нечисти за вас.
11 Секоја чиста птица јадете ја;
12 но од нив не треба да ги јадете овие: орелот, грифот, галебот,
13 јастребот, соколот, мршојадецот и сличните на нив;
14 и секаков гавран од кој било вид;
15 нојот, ластовицата, кукавицата и сличните на нив;
16 бувот, ибисот, лебедот и сличните на нив;
17 чавката, пеликанот и корморанот;
18 штркот, чапјата, пупунецот и лилјакот.
19 Сите четириножни крилести гадинки се нечисти за вас, да не ги јадете.
20 Секоја чиста птица јадете ја.
21 Не јадете ништо умрено; дај му го на придојдениот, што е во твоите градови; нека го јаде тој, или продај му го на туѓинецот, зашто ти си народ свет за Господ, твојот Бог. Не вари јаре во млекото на неговата мајка.
22 Одделувај десеток од секој плод на семињата свои, род од нивите твои секоја година,
23 пред Господ, твојот Бог, во место, што Тој ќе го одбере, за да престојува името Негово; таму јади од десетокот од пченицата твоја, од виното твое и од маслото твое, и првородените од крупниот и од ситниот твој добиток, за да се научиш да се плашиш од Господ, твојот Бог, во сите денови.
24 Ако, пак, патот твој е долг, така што не ќе можеш да го принесеш тоа, бидејќи далеку е од тебе местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за пребивалиште на името Негово, за да те благослови Господ, твојот Бог,
25 тогаш продај го тоа според цената и земи го среброто во рака и оди на местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог;
26 и со тоа сребро изнакупи таму сѐ, што душата ќе ти посака: волови, овци, вино или друг алкохолен пијалак и сѐ друго што душата ќе ти посака; и јади таму пред Господ, твојот Бог, и развесели се ти и твоите домашни.
27 И левитот, кој е во твојот град, не го изоставај, бидејќи тој нема ни дел ни наследство со тебе.
28 На крајот од секои три години од­дели ги десетоците од сите твои произ­води во текот на последната година и стави го тоа во градовите свои,
29 па нека дојде левитот, бидејќи тој нема дел и наследство со тебе, и придој­дениот, и сиракот, и вдовицата, што се во твоите градови, и нека јадат и нека се наситат за да те благослови Господ, твојот Бог, во секоја работа, што ќе ја вршат рацете твои.