Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Daniel 4

:
Macedonian - 2006
1 „Јас, Навуходоносор, бев спокоен во својот дом и живеев во изобилие и задоволство поради моите достигања.
2 Но видов сон што ме уплаши и виденијата ме смутија.
3 Па дадов заповед да ги доведат кај мене сите советници вавилонски за да ми кажат што означува сонот.
4 Тогаш дојдоа јасновидците, маѓес­ниците, волшебниците и гледачите и јас им го кажав сонот, но тие не можеа да ми објаснат што значи.
5 Последен влезе кај мене Даниел, чие име беше Валтазар според името на мојот бог, и во кого е духот на Бога Светецот; нему му го кажав сонот.
6 Валтазаре, глава на мудреците, знам дека е во тебе духот на Бога Светецот и дека никаква тајна тебе не ти претставува тешкотија; објасни ми го видението на мојот сон што го видов и што значи.
7 А виденијата на мојата глава врз леглото мое беа вакви: видов, ете, во средината на земјата дрво многу високо.
8 Дрвото порасна и се зацврсти, а височината негова достигаше до небото, и се гледаше од сите краишта на целата земја.
9 Лисјата негови многу убави, и пло­довите на него многубројни, и храна на него имаше за сите; под него наоѓаа сенка ѕверовите полски, а по гранките негови си правеа гнезда птиците небе­ски и од него се хранеше секое суште­ство.
10 И додека размислував за виденијата врз леглото мое, ете, од небесата слезе ангел, буден како стражар.
11 Откако извика високо, тој рече: ‚Исечете го тоа дрво, искастрете ги гранките негови, истресете ги лисјата од него и расфрлете ги плодовите него­ви; нека избегаат ѕверовите од под него и птиците од под гранките негови;
12 но коренот оставете го во земјата, со вериги железни и бакарни околу не­го, меѓу полската трева врз него нека паѓа росата небеска и со животните нека се дружи.
13 Срцето човечко ќе му се одземе и ќе му се даде срце ѕверско и така ќе мине седум години.
14 По заповед на будните како стра­жари ангели така е определено за да знаат живите дека Севишниот владее над човечките царства и ги дава кому сака и ги поставува над нив најпони­з­ните луѓе!‘
15 Таков сон видов јас, царот Навухо­доносор; а ти Валтазаре, кажи што оз­начува сонот, бидејќи никој од мудреците во моето царство не може да објасни што значи тој, а ти можеш, зашто во тебе е духот на Бога Светецот.“
16 Тогаш Даниел, наречен Валтазар, остана занесен околу еден час и мислите негови му беа збркани. Царот прв почна да зборува и рече: „Валтазаре, да не те вознемирува овој сон и значењето негово.“ Валтазар одговори и рече: „Господаре мој, овој сон нека биде за твоите завидливци, а значењето негово за твоите непријатели.
17 Дрвото што си го видел кое беше големо и цврсто, и со височината достигало до небесата и се гледало по целата земја,
18 на кое имало прекрасни лисја и многу плодови и храна за сите, под кое живееле полски ѕверови и во чии гранки виеле гнезда птици небески,
19 тоа си ти царе што си се возвеличил и укрепил, и величието твое пораснало и достигнало до небесата, а власта твоја до краиштата на земјата.
20 А тоа што царот го видел ангелот буден како стражар, кој слегнал од небесата и рекол: исечете го дрвото и уништете го, но главниот корен оставе­те го во земјата во вериги железни и бакарни меѓу полската трева; да го наквасува небеската роса и да биде заедно со полските ѕверови, додека не изминат над него седумте години,
21 еве што значи тоа царе, и ова е решението на Севишниот што ќе го постигне мојот господар царот:
22 тебе ќе те одведат од луѓето и ти ќе живееш со ѕверовите полски, со трева ќе те хранат како вол, небеска роса ќе те наквасува и седумте години ќе минат преку тебе, сѐ додека не разбереш дека Севишниот владее над човечките цар­ства и ги дава кому сака.
23 А тоа што е заповедано да остане главниот корен на дрвото, тоа значи дека твоето царство ќе ти биде вратено, кога ќе разбереш дека Бог владее со целиот свет.
24 Затоа, царе, нека ти биде благоугоден мојот совет: искупи се за гревовите свои со правда, и за беззаконијата твои со милосрдие спрема бедните; ете со тоа може да се продолжи твојот напредок.“
25 Сето тоа се збидна со царот Наву­ходоносор.
26 Откако минаа дванаесет месеци, одејќи по царските дворци во Вавилон,
27 царот рече: „Зар не е величествен овој Вавилон, што го изградив како дом на царството со силата на мојата моќ и за слава на моето величие?!“
28 Уште му беа зборовите во устата на царот, а од небото се чу глас: „За тебе зборуваат, царе Навуходоносоре цар­ството ќе ти се одземе!
29 И ќе те одвојат од луѓето, па ќе живееш со полските ѕверови; со трева ќе те хранат како вол и седум години ќе минат преку тебе сѐ додека не узнаеш дека Севишниот владее над човечките царства и дека ги дава кому сака Тој.“
30 Веднаш се исполни тој збор над Навуходоносор, и тој беше прогонет од луѓето, јадеше трева како вол и телото негово го наквасуваше росата небеска, така што влакната му израснаа како кај орел и ноктите му беа како канџи кај птиците.
31 „Но, откако се изврши тоа во оние дни, јас, Навуходоносор, ги кренав очите кон небото и разумот се врати во мене, па Го благословив Севишниот, Го восфалив и Го прославив вечно Живи­от, чие владение е вечно и чие царство е од род во род.
32 И сите што живеат на земјата ниш­то не значат; Тој дејствува според Својата волја како во небесната војска, така исто и меѓу живите на земјата и нема никој што би можел да се противи на раката Негова и да му рече: што правиш?
33 Во тоа време разумот се поврати во мене и славата на моето царство ми се поврати со величината и поранешниот вид: тогаш ме побараа советниците мои, великодостоинствениците мои, и јас бев повторно издигнат на царствово свое, и величието мое уште повеќе се издигна.
34 Сега јас, Навуходоносор, Му од­давам слава и Го величам Небесниот Цар, Чии сите дела се вистински и па­тиштата Негови праведни и Кој има моќ да ги понизни горделивите.“