Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Daniel 5

:
Macedonian - 2006
1 Царот Валтазар приреди голема гозба за илјада свои достоинственици и заедно со нив пиеше вино.
2 Откако се напи од виното, Валтазар заповеда да се донесат златните и среб­рените садови, кои татко му Навухо­доносор ги беше зел од Ерусалимскиот храм за да пијат од нив царот, достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови.
3 Тогаш ги донесоа златните садови кои беа земени од светилиштето на до­мот Божји во Ерусалим и пиеја од нив царот и достоинствениците негови, же­ните негови и конкубините негови.
4 Пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени, бакарни и железни, дрвени и камени.
5 Во истиот момент се појавија прсти од човечка рака и пишуваа спроти све­тилникот на ѕидот од царскиот дворец, и царот ги виде прстите на раката што пишуваше.
6 Тогаш царот пребледе, мислите му се смутија, појасот на бедрата му олабави и колената негови почнаа да се удираат едно со друго.
7 Извика царот силно за да доведат маѓесници, волшебници и гледачи: ца­рот проговори и им рече на мудреците вавилонски: „Оној што ќе го прочита тоа што е напишано и ми објасни што значи, ќе биде облечен во пурпур и околу вратот ќе му биде ставена златна веришка, а во царството мое ќе биде трет достоинственик.“
8 И влегоа сите мудреци цареви, но никој не можеше да го прочита напиша­ното и да му го објасни на царот зна­чењето негово.
9 Царот Валтазар се разгневи многу и пребледе уште повеќе, а се смутија и достоинствениците негови.
10 Царицата, пак, ги чу зборовите на царот и на достоинсвениците негови и влезе во собата каде што беше гозбата; проговори царицата и рече „Царе, да си жив довека, да не те вознемируваат мислите твои и да не пребледува лицето твое.
11 Во царството твое има човек, во кого е духот на Светиот Бог; во дено­вите на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост како мудроста на боговите и царот Навуходоносор, твојот татко, го постави како управник над јасновидците, волшебниците и гледачите,
12 бидејќи во него, во Даниел, кому царот му го промени името во Валта­зар, се најде висок дух, знаење и разум способен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разјаснува тајни. Затоа нека го повикаат Даниел, и тој ќе го објасни значењето.“
13 Тогаш го воведоа Даниел кај царот, и царот проговори и му рече на Даниел: „Ти ли си Даниел, еден од заробените синови јудејски, кого мојот татко, царот, те доведе од Јудеја?
14 Сум слушал за тебе дека во тебе има дух Божји и светлина и разум и го­лема мудрост.
15 Еве, ми ги доведоа мудреците и ма­ѓесниците за да го прочитаат она што е напишано и да ми објаснат што значи тоа; но тие не можеа да ми објаснат.
16 За тебе сум чул дека можеш да го објасниш значењето и да разјаснуваш тајни; па така, ако можеш да го про­читаш она, што е напишано и ми објасниш што значи, ќе бидеш облечен во скерлет и околу вратот твој ќе има златна веришка, а во царството мое ќе бидеш трет достоинственик.“
17 Тогаш Даниел одговори и му рече на царот: „Даровите нека ти останат тебе, а почестите дај му ги на друг; а напишаното ќе му го прочитам на царот и значењето ќе му го објаснам.
18 Царе, Севишниот Бог беше му да­рувал на татко ти Навуходоносор царство, величие, чест и слава.
19 Пред величието што му го беше дал Тој, сите народи, племиња и јазици трепереа и се плашеа кого сакаше го убиваше и кого сакаше го оставаше жив; кого сакаше го издигаше, и кого сакаше го понижуваше.
20 А кога срцето негово се возгордеа и духот негов се ожесточи во дрскост, тој беше симнат од царскиот престол и славата му беше одземена,
21 а беше прогонет од луѓето и срцето негово заприлега на ѕверско, и живееше со дивите магариња; го хранеа со трева како вол, а телото негово се наквасуваше од небеската роса, сѐ додека не разбра дека над човечките царства владее Севишниот Бог и поставува над нив, кого сака.
22 А ти сине негов, Валтазаре, не покажа понизност, иако го знаеше сето тоа.
23 Туку се подигна против Небесниот Господ и садовите од Неговиот дом ти ги донесоа, па ти и твоите великодостој­ници, твоите жени и конкубини пиевте од нив вино и ги славевте боговите среб­рени и златни, бакарни и железни, дрвени и камени, кои не гледаат, ни слушаат, ниту разбираат; а Бог, во чии раце е и твојата душа и во Кого се сите твои патишта, ти не Го прослави.
24 Заради тоа и се појавија од Него тие прсти од рака и е напишано ова писмо.
25 А еве што е напишано: Мене, Мене, Текел, Парсин.
26 А еве го значењето на зборовите: Мене го изброи Бог царството твое и му стави крај;
27 Текел измерен си на кантар и се најде многу лесен;
28 Парсин царството ти е разделено и дадено им е на Мидијците и Персиј­ците.“
29 Тогаш по заповед на Валтазар го облекоа Даниел во пурпур и му ставија околу вратот златна веришка, па го прогласи за трет великодостојник во царството.
30 Во истата ноќ Валтазар, царот халдејски, беше убиен.