Daniel 32006

1Царот Навуходоносор направи златен идол, висок шеесет лакти, шест лакти широк, и го постави во полето Дура, во областа вавилонска.

2И нареди царот Навуходоносор да се соберат сите локални управители, на­месници, војводи, врховни судии, ризни­чари, законодавци, судии и сите обласни управители да дојдат на свеченото от­кривање на идолот што го беше поста­вил царот Навуходоносор.

3И се собраа локалните управители, намесниците, воените началници, вр­ховните судии, ризничарите, правници­те, судиите и сите обласни управители за откривање на идолот кој царот Наву­хо­доносор го беше поставил, и застанаа пред идолот што го беше подигнал На­вуходоносор.

4Тогаш гласникот високо извика: „Ви се објавува вам народи, племиња и јазици —

5штом ќе го чуете звукот на трубата, од свирката, од цитрата, од харфата и од пеењето, како и од секакви свирки, паднете ничкум и поклонете му се на златниот идол што го постави царот Навуходоносор;

6а оној што нема да падне на колена и не се поклони, веднаш ќе биде фрлен во вжарена печка.“

7Затоа, кога го чуја звукот од трубата, од свирката, од харфата и од другите свирки, паднаа на колена сите народи, племиња и јазици и му се поклонија на златниот идол што го беше поставил царот Навуходоносор.

8Во тоа исто време дојдоа некои од Халдејците и ги наклеветија Јудејците.

9Тие му рекоа на царот Навухо­доносор: „Царе, жив да си довека!

10Ти царе, даде заповед секој човек што ќе го чуе гласот од трубата, свир­ката, цитрата, харфата и од сите свирки да падне на колена и да му се поклони на златниот идол;

11а оној што нема да падне и нема да му се поклони, тој треба да биде фрлен во вжарена печка.

12Но има луѓе Јудејци што си ги поставил над работите на земјата ва­вилонска — Седрах, Мисах и Авденаго; тие луѓе не се покорија на твојата запо­вед, царе, на твоите богови не им слу­жат и на златниот идол што го постави не му се поклонија.“

13Тогаш царот Навуходоносор во гнев и јарост заповеда да ги доведат Седрах, Мисах и Авденаго; и ги доведоа тие луѓе пред царот.

14Навуходоносор им рече: „Вие, Сед­рах, Мисах и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте?

15Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, харфата, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете му се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?“

16Одговорија Седрах, Мисах и Авде­наго и му рекоа на царот Навуходо­носор: „Нема потреба да ти одговориме на тоа.

17Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нѐ спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нѐ избави.

18Ако пак и не се случи тоа, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил, нема да му се поклониме.“

19Тогаш царот Навуходоносор се ис­полни со јарост и лицето негово се на­мурти против Седрах, Мисах и Авдена­го, па заповеда да запалат печка седумпати посилна отколку што обично ја угоруваа;

20и им заповеда на најсилните луѓе од војската своја да ги врзат Седрах, Мисах и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка.

21Тогаш тие луѓе беа врзани обле­чени во своите облеки, со капи на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше.

22Бидејќи царската заповед беше строга, и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви луѓето што ги фрлија Седрах, Мисах и Авденаго.

23А тројцата — Седрах, Мисах и Авде­наго — паднаа во вжарената печка врзани.

24Одеднаш, царот Навуходоносор се стаписа, се крена на нозе и им рече на големците свои: „Нели беа тројца врзани што ги фрливме во огнот?“ Тие му одговорија на царот: „Навистина та­ка беше, царе!“

25На тоа тој рече: „Еве јас гледам четворица, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и четвртиот личи на ангел.“

26Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: „Седраху, Мисаху и Авде­наго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете.“ Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот,

27и штом се собраа локалните упра­вители, намесниците, воените началници и советниците на царот, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им беа изгорени, па дури и мирис на изгорено немаше на нив.

28Тогаш Навуходоносор рече: „Нека е благословен Бог на Седрах, Мисах и Авденаго, Кој го испрати Својот ангел и ги избави слугите Свои што се надеваа на Него и не ја послушаа царската заповед, па ги предадоа телата свои на огнот за да не служат и да не се поклонат на друг бог, освен на својот Бог!

29И еве, јас давам заповед, ако некој од народите, племињата и јазиците изговори хула против Бога на Седрах, Мисах и Авденаго, да се исече на пар­чиња и куќата да му се претвори во урнатини, зашто нема друг Бог, Кој може така да избавува.“

30Тогаш царот ги возвиси Седрах, Мисах и Авденаго во земјата вавилон­ска.

31„Царот Навуходоносор до сите на­роди, племиња и јазици што живеат на земјата — мирот да ви се умножи!

32Угодно ми е да ве известам за знаците и чудесата кои Севишниот Бог ги изврши над мене.

33Колку се големи знаците Негови и колку се силни чудесата Негови! Цар­ството Негово е царство вечно, и владеењето Негово — од род во род.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Daniel 3.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.