Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Daniel 11

:
Macedonian - 2006
1 „И така, од првата година на Мидјанинот Дариј јас му станав помошник и поткрепа.
2 Сега ќе ти ја кажам вистината: еве, уште тројца цареви ќе се издигнат во Персија; потоа четвртиот ќе ги надмине сите со големо богатство, и кога ќе го намножи богатството свое, ќе ги крене сите против царството на Јаван.
3 Потоа ќе се појави силен цар, кој ќе владее со голема власт и ќе дејствува според својата волја.
4 Но, кога ќе се издигне тој, царството негово ќе се сруши и ќе се раздели на четири делови и нема да помине на неговите потомци, и не со таква власт, со која тој господареше; затоа што царството негово ќе се растури и ќе падне на други, а не на нив.
5 И јужниот цар ќе се засили, и еден од кнезовите негови ќе стане посилен од него и ќе владее, и власта негова ќе биде голема.
6 Но по неколку години тие ќе се спријателат и ќерката на јужниот цар ќе дојде кај северниот цар за да склучи договор; но таа нема да ја задржи силата во рацете свои, и нема да го одржи нејзиниот род, туку тие ќе бидат убиени, како таа, така и оние, што ќе ја придружуваат; и родениот од неа, како и оние што ѝ помагале во тоа време.
7 Но ќе се издигне фиданка од коре­нот нејзин, ќе дојде против војската, ќе влезе во тврдините на северниот цар, ќе ги победи и ќе ги покори.
8 Дури и боговите нивни, идолите нив­ни заедно со скапите садови, сребрени и златни, ќе ги однесе како плен во Еги­пет и неколку години ќе владее посилно од северниот цар.
9 И тој, ќе влезе во царството на јуж­ниот цар, но ќе се повлече во земјата своја.
10 Потоа, ќе се вооружат синовите негови и ќе соберат многубројна војска; а еден од нив брзо ќе замине, ќе поп­лави и ќе замине, и ќе се бори со него до тврдината негова.
11 И јужниот цар ќе се налути, па ќе излезе да војува со него, со северниот цар, и ќе изведе голема војска и ќе ја зароби војската на северниот цар.
12 Тогаш војската ќе се охрабри, и срцето на царот ќе се возгордее; тој ќе собори многу илјади, но нема да се одржи,
13 бидејќи северниот цар ќе се врати и ќе изведе повеќе војска од поранешната и по неколку години ќе дојде со голема, добро опремена војска.
14 Во тоа време мнозина ќе станат против јужниот цар, и бунтовниците меѓу синовите на твојот народ ќе се кренат, за да се исполни видението, но ќе паднат.
15 И ќе дојде северниот цар, ќе на­прави опкоп и ќе го завладее укрепениот град, и нема да се додржат миш­ките на југ, ниту неговата избрана вој­ска: ќе нема сила да се спротивстави.
16 И ќе дејствува според неговата вол­ја и никој не ќе може да устои пред не­го; и живеалиштето свое ќе го постави во Красната земја, и таа ќе настрада од раката негова.
17 И ќе науми да навлезе во царството негово со сите сили, и ќе му ја даде ќерката своја за жена, за да го погуби, но таа намера нема да се исполни.
18 Потоа ќе се сврти кон островите и ќе завладее многу од нив; но еден водач ќе го прекрати нанесениот срам од него и за срамот срам ќе му возврати.
19 Потоа ќе се врати кон тврдините на својата земја, но ќе се сопне, ќе падне и тоа ќе му биде крајот.
20 На негово место ќе се издигне друг што ќе наметне данок за да мине по царството во екот на славата. Но и тој по неколку дни ќе загине, и тоа не јавно, ниту во бој.
21 А на негово место ќе се издигне еден никаквец, кој и нема право да биде цар, но со лукавство и со лаги ќе го освои царството.
22 Оние што ќе му се противат ќе бидат потопени и победени од него, дури и Кнезот на сојузот.
23 И покрај склучениот сојуз со него, тој ќе дејствува со измама и ќе го совлада и ќе се одржи на врвот со малку народ.
24 Тој ќе влезе во мирни и плодни краишта и ќе го прави она што не го правеле татковците негови и татковци­те на татковците негови; пленот, загра­бениот имот и богатството ќе го троши како свое. Ќе помислува и тврдини да напаѓа, но само за некое време.
25 Потоа ќе се охрабри духот негов и со многубројна војска ќе се крене против јужниот цар; јужниот цар ќе излезе во војна со голема и уште посилна вој­ска, но нема да се додржи, зашто против него ќе има заговор.
26 Дури и оние што јадат леб со него ќе му станат убијци, и војската ќе му се уништи, па така многумина ќе паднат убиени.
27 Во срцето на двата цара ќе има сплетки, и ќе седнат на една трпеза и ќе зборуваат лага, но нема ништо да се случи, зашто крајот е одложен до определеното време
28 и така ќе се врати тој во својата земја со големо богатство и со непријателска замисла против светиот завет, ќе го направи своето и ќе се врати во земјата своја.
29 Во определеното време тој пак ќе појде против југ, но последниот поход нема да биде како поранешниот,
30 бидејќи истовремено против него ќе појдат китимските кораби, тој ќе се исплаши и ќе се врати, ќе беснее против светиот завет и пак ќе се договори со противниците на светиот завет.
31 И ќе постави определен одред вој­ска што ќе го осквернува светилиштето тврдината, ќе ја укине секојдневната жртва и ќе го постави Гнасниот Пус­тош­ник.
32 Со лукавство ќе ги привлече кон себе оние што се огрешиле против заветот; но луѓето кои Го почитуваат својот Бог, ќе опстојат и ќе се спротивстават.
33 И разумните од народот ќе вразумуваат мнозина, но извесно време ќе страдаат од меч и оган, од ропство и грабеж.
34 И во времето на страдањето свое само малкумина ќе им помагаат, а повеќето ќе се присоединат кон нив дволично
35 и од разумните некои ќе пострадаат за да се испитаат, очистат, и обелат за последното време, зашто уште има време до рокот.
36 И ќе постапува тој цар според својата волја, ќе се крене и ќе се возвеличи повисоко од секое божество, ќе почне да хули на Бога над боговите и ќе успева, сѐ додека не се исполни гневот; зашто, она што е предопределено, тоа и ќе се изврши.
37 За боговите на татковците свои нема ни да помисли, ни за богот што го сакаат жените, дури ни никакво боже­ство нема да уважува, бидејќи ќе се возгордее погоре од сите.
38 Место нив, ќе го слави богот на тврдините, богот што татковците негови не го знаеле, ќе го чести со злато и сребро и драгоцени камења, место Бога Кој е најсилен.
39 Ќе ги брани своите тврдини со народ кој му служи на туѓ бог. На оние, што ќе го признаваат, ќе им ги зголемува почестите и ќе им дава власт над мнозина и земја ќе раздава како награда.
40 Кон крајот на времето јужниот цар ќе се судри со него и северниот цар ќе се впушти како бура врз него со коли, коњаници и многубројни кораби, ќе на­падне на областите, ќе ги поплави и ќе мине преку нив.
41 И ќе влезе во Красната земја, а многу области ќе пострадаат, од раката негова ќе се спасат само Едом, Моав и остатокот од синовите Амонови.
42 Ќе ја протегне раката своја врз раз­ни земји; нема да се спаси ни земјата египетска.
43 Ќе освои златни и сребрени ризници и разни скапоцени работи од Египет; Либијците и Етиопјаните ќе тргнат по него.
44 Но гласовите од исток и од север ќе го смутат, па тој ќе излезе со најголема јарост за да истребува и погубува мно­зина,
45 и ќе ги распне царските шатори меѓу морето и гората на преславното светилиште; но ќе му дојде крајот, и никој нема да му помогне.“