Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Daniel 10

:
Macedonian - 2006
1 Во третата година на персискиот цар Кир дојде откровение до Даниел, кој се викаше Валтазар, и вистинско беше тоа откровение и со голема сила. Тој го разбра тоа откровение и го објасни тоа видение.
2 Во тие дни јас, Даниел, тагував цели три седмици.
3 Богата храна не јадев; месо и вино не влезе во устата моја, и не се мачкав со масла додека не завршија трите седмици.
4 А во дваесет и четвртиот ден од првиот месец, се најдов покрај брегот на големата река Тигар;
5 ги кренав очите угоре и видов: ете еден човек, облечен во ленена облека, а крстот му беше препашан со офирско злато.
6 Телото негово изгледаше како топаз, лицето како светкавица очите му беа како запалени светила, рацете негови и нозете негови изгледаа како сјаен бакар и гласот на зборовите него­ви како глас на многу луѓе.
7 И само јас, Даниел, го видов тоа видение, а луѓето што беа со мене не го видоа тоа видение; но страв голем ги обзеде, и тие избегаа за да се сокријат.
8 Останав сам и го гледав тоа големо видение, но во мене не остана сила и лицето ми пребледе многу, не остана во мене бодрост.
9 И го чув гласот на зборовите негови; и штом го чув гласот на зборовите него­ви, ненајдено паднав во несвест и лежев со лицето кон земјата.
10 Но ете, рака една се допре до мене и ме исправи на колената мои и на дланките од рацете мои.
11 Па ми рече тој: „Даниеле, сакан чо­веку, задлабочи се во зборовите што ќе ти ги кажам, и исправи се на нозете свои, зашто кај тебе сум денеска испра­тен.“ Штом ми ги кажа тие зборови, јас станав растреперен.
12 Но тој ми рече: „Не бој се Даниеле! Од првиот ден кога го управи срцето свое за да постигнеш разбирање и да се понизиш пред твојот Бог, зборовите твои беа услишени, и јас сакав да дојдам според зборовите твои.
13 Но кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден; но Михаил, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне зашто јас бев таму сам, кај персискиот цар.
14 А сега дојдов да ти соопштам, што ќе се случи со твојот народ во последните времиња, зашто видението се однесува за далечни дни.“
15 Додека ми зборуваше такви зборо­ви, јас гледав во земјата, без да изустам збор.
16 Но ете, еден сличен на синовите човечки се допре до усните мои и јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: „Господаре мој, од ова видение утробата во мене се преврте и во мене не остана сила.
17 Па како може слугата Твој, Госпо­ди, да зборува со мојот Господар? Заш­то во мене нема сила, и останав без здив.“
18 Тогаш пак се допре до мене тој чо­вечки лик, ме поткрепи
19 и рече: „Не бој се, сакан човеку, мир да имаш; охрабри се, охрабри се!“ и кога зборуваше тој со мене, јас се закре­пив и реков: „Зборувај, Господи мој, зашто ти ме поткрепи.“
20 И тој ми рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? сега ќе се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ќе завршам, ќе дојде кнезот на Јаван.
21 Но јас ќе ти соопштам што е напи­шано во вистинското писмо; и нема ни­кој друг, што ќе ми помогне во тоа, освен Михаил, вашиот кнез.“