Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Daniel 9

:
Macedonian - 2006
1 Во првата година од царувањето на Дариј, синот на Ксеркс, од мидиски род, кој беше поставен за цар над ва­вилонското царство,
2 во првата година на неговото царување, јас, Даниел, го разбрав според книгите бројот на годините според сло­вото што му го беше кажал Господ на Еремија, дека седумдесет години ќе се навршат над опустошениот Ерусалим.
3 И го свртев лицето свое кон Господ Бог со молитва и со молба, во пост, во вреќиште и пепел.
4 И Му се молев на Господ мојот Бог, се исповедав и Му реков: „Те молам, Господи, Боже Велики и чудесен, Кој пазиш на заветот и имаш милост за оние кои Те сакаат и кои ги пазат Твои­те заповеди!
5 Згрешивме, вршевме беззаконија, дејствувавме нечесно, се противевме и отстапивме од Твоите заповеди и од Твоите наредби
6 и не ги слушавме Твоите слуги, пророците, кои им зборуваа од Твое име на царевите наши и на достоинствениците наши, на татковците наши и на сиот народ од земјата.
7 Во Тебе, Господи, има правда, а во нас срам на лицата, како што е денес кај секој Јудеец, меѓу жителите на Еру­салим и во сиот Израел, и кај ближниот и кај далечниот, по сите краишта каде што си ги прогонил заради нивното отстапништво, со кое отстапија од Тебе.
8 Господи, кај нас на лицата наши има срам, кај царевите наши, кај кнезовите наши и кај татковците наши, зашто згрешивме пред Тебе.
9 А кај Господ, нашиот Бог, има ми­лосрдност и проштевање, бидејќи ние се одметнавме од Него.
10 И не го слушавме гласот на Господ, нашиот Бог за да постапиме според Неговите закони што ни ги даваше пре­ку своите слуги пророците.
11 И сиот Израел го престапи Твојот закон и се одврати, не слушајќи го Тво­ј­от глас; па затоа врз нас се излеа про­к­летство и клетва, што се напишани во законот Мојсеев, слугата Божји; зашто згрешивме пред Него.
12 И Тој ги изврши заканите Свои што ги кажа против нас и против нашите судии, кои нѐ судеа, испраќајќи против нас голема несреќа каква што немало под небесата, каква што се извршува над Ерусалим.
13 Како што е напишано во законот Мојсеев, така нѐ постигна сето тоа зло; но не Го молевме Господа, нашиот Бог, не се обративме од беззаконијата свои за да ја разбереме Твојата вистина.
14 Господ беше подготвен за тоа зло и го испрати врз нас; зашто праведен е Господ нашиот Бог во сите Свои дела што ги врши, но ние не го слушавме гласот Негов.
15 И сега, Господи, Боже наш, Ти што го изведе народот Свој од земјата египетска со силна рака, Ти ја покажа славата Своја што се памети до денес; згрешивме, постапивме нечесно.
16 Господи, по сета Твоја правда нека се одврати гневот Твој и јароста Твоја од Твојот град Ерусалим, од Светата Твоја Гора; зашто поради гревовите на­ши и поради беззаконијата на татковци­те наши Ерусалим и народот Твој е за потсмев кај сите што нѐ опкружуваат.
17 А сега чуј ја, Боже наш, молитвата на Твојот слуга и неговото усрдно молење, па заради Тебе, Господи, по­гледај со светлото Твое лице на опусто­шеното Твое светилиште.
18 Приклони го, Боже мој, увото Свое и послушај, отвори ги очите Свои и погледај ги нашите пустоши и градот, во кој се призива името Твое; зашто ние ги принесуваме молењата свои пред Тебе, надевајќи се не на нашата праведност, туку на Твојата голема милосрдност.
19 Чуј Господи, Господи прости ни, Господи погледај и изврши, не колебај се поради Самиот Тебе, Боже мој, зашто името Твое се призива во Твојот град и во Твојот народ!“
20 Додека зборував и се молев и ги исповедав гревовите свои и гревовите на мојот народ Израел и ја принесував молбата своја пред Господ, мојот Бог, за светата гора на мојот Бог,
21 додека ја изговарав молитвата, човекот Гаврил кого го бев видел во по­ранешното видение, долета брзо, се допре до мене во времето на вечерната жртва,
22 ме вразуми, говореше со мене и рече: „Даниеле, сега излегов за да те научам да разбираш.
23 Во почетокот на твоето молење се појави твојот збор и јас дојдов да ти го соопштам, зашто ти си човек сакан; па така, внеси се во зборот и разбери го видението.
24 Седумдесетте седмици се определени за твојот народ и за светиот твој град за да биде крај на престапот, за да му се стави печат на гревот и избри­шани беззаконијата, за да биде доведена вечната правда, за да им се стави печат на виденијата и пророците и да биде помазан Светиот на светиите.
25 И така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до доаѓањето на Помазани­кот Божји се седум седмици. Потоа ќе биде обновен Ерусалим со улици и ѕидини, и ќе опстои шеесет и две седмици; а тоа ќе биде тешко време.
26 И по шеесет и двете седмици Пома­заникот ќе биде предаден на смрт не­праведно а градот и светилиштето ќе бидат разрушени од народот на водачот што ќе дојде, и крајот ќе му биде како од поплава, и до крајот на војната ќе има опустошување.
27 И во една седмица ќе склопи завет со мнозина, а во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот, а на врвот од светилиштето ќе биде поставен Гнасниот Пустошник, сѐ додека предопределената пустош не го собори Пустошникот.“