Daniel 122006

1„И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сѐ до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во Книгата.

2И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат — едни за живот вечен, а други за вечен срам.

3Разумните ќе сјаат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда — како ѕвездите, во веки, засекогаш.

4А ти, Даниеле, сокри ги овие зборо­ви и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе талкаат овде-онде, обидувајќи се да разберат што се случува.“

5Тогаш јас, Даниел, погледав и ете пред мене стојат други двајца, еден од едната страна на реката, а друг од другата страна на реката.

6Едниот му рече на човекот со ленена облека, кој стоеше над реката: „Кога ќе биде крајот на овие чудни работи?“

7И чув, кога човекот со ленената об­лека, што се наоѓаше над реката, отка­ко ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот дека сето тоа ќе се изврши за време од три и пол години, кога ќе заврши ис­тоштувањето на Светиот Народ.

8Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: „Господаре мој, како ќе заврши сето тоа?“

9Тој одговори: „Оди си Даниеле, заш­то тие зборови се сокриени и запечате­ни до последното време.

10Многумина ќе се очистат, ќе се из­белат и ќе бидат искушани; безбож­ниците ќе си останат безбожни, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ќе разберат.

11Од времето, кога ќе се прекрати се­којдневната жртва и ќе се постави Гнасниот Пустошник, ќе минат илјада двесте и деведесет денови.

12Блажен е оној што чека и ќе дочека илјада триста триесет и пет дена.

13А ти оди кон својот крај, и отпо­чини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Daniel 12.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.