Amos 62006

1Тешко им на оние што се опуштиле во Сион и на оние што се чувствуваат сигурни на Гората Самарјанска, кои се првенци во народот, и при кои доаѓа домот Израелов!

2Минете во Калне и видете, оттаму одете во Великиот Хамат и спуштете се во Гет филистејски: зар вие сте подобри од овие царства? Нели се пошироки нивните предели од вашите предели?

3Тешко вам, кои сметате дека е да­леку злочестиот ден, а правите да се приближи власта на насилството,

4вие, кои лежите на легла од слонова коска и се оптегате на постелите свои, вие, кои јадете најдобри овни од стадото и телиња од богато пасиште,

5вие, кои врескате по звукот на хар­фа, мислејќи дека свирите како Давид,

6вие, кои пиете вино од врчви, се мачкате со најдобри масла и не ве боли срцето за пропаста на Јосиф!

7Затоа сега вие ќе појдете први во ропство пред заробените, и ќе се заврши ликувањето на разнежените.

8Се колне Господ Бог Сам во себе и вака вели Господ, Бог Саваот: се гнасам од гордоста на Јаков и ги мразам двор­ците негови, и ќе го предадам градот и сѐ, што го исполнува.

9И, ако во некоја куќа останаа десет души, и тие ќе умрат.

10Ќе ги земе роднината нивни, за да ги изнесе коските нивни од куќите, па ќе го прашаат оној, кој стои пред ку­ќата: „Има ли уште некого?“ Тој ќе одговори: „Нема никого.“ И овој ќе рече: „Молчи, зашто не бива да се спомнува името Господово.“

11Зашто, ете, Господ ќе даде заповед и ќе ги сосипе големите куќи на парчиња, а малите на остатоци.

12Трчаат ли коњите по карпа? Може ли морето да се изора со волови? Вие, пак, го превртувате правосудството во отров, а плодот на правдата — во горчина;

13вие, што се восхитувате од ништо и од никакви работи и велите: „Зар не спечаливме со силата на својата моќ?“

14Еве, Јас, вели Господ Бог Саваот, ќе подигнам народ против вас, доме Израелов и ќе ве угнетуваат од влезот во Емат до потокот во рамнината.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Amos 6.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.