Amos 42006

1Чујте го ова слово, јуници башански, вие, кои сте на Самарјанската Гора, вие, кои ги измачувате сиромасите, ги угнетувате бедните и им велите на своите мажи: „Донесете да пиеме!“

2Се заколна Господ Бог во Својата светост дека, ете, ќе дојдат врз вас дни, кога ќе ве извлечат со куки и остатокот ваш — со јадици.

3Па ќе излезете низ пукнатините на ѕидовите, секоја — како ќе може, и ќе бидете фрлени кон Хармон, вели Господ.

4Одете во Ветил и грешете, во Гил­гал и умножувајте ги престапите, принесувајте жртви секое утро, десетоци секој трет ден.

5Принесувајте како благодарствена жртва леб со квас, објавете доброволни прилози и разгласувајте за нив, зашто вие тоа го сакате, синови Израелови, вели Господ.

6Затоа и ви дадов чисти заби во сите ваши градови и недостиг од леб по сите ваши населби; но вие не се вративте кај Мене, вели Господ.

7И ве лишив од дожд три месеци пред жетва; пуштав дожд врз еден град, врз друг град не пуштав; еден дел беше напојуван со вода, а другиот — ненаросен со дожд, и се исушуваше.

8И се собраа два-три града во еден град, за да се напијат со вода и не можеа да се напијат до ситост; но и тогаш вие не се вративте кај Мене, вели Господ.

9Ве казнував со суша и метлика по житата и во многу ваши градини и лозја, а насадите со смокви и маслини ги јадеа гасеници, и при сето тоа пак не се вративте кај Мене, вели Господ.

10Ви праќав помор, како египетскиот, ги убивав со меч момчињата ваши, ги одведов коњите ваши во плен, и смрад во становите ваши се креваше во ноздрите ваши, и покрај сето тоа не се вративте кај Мене, вели Господ.

11Ве сотирав, како што Бог ги разруши Содом и Гомора, и вие бевте истргнати од огнот како гламна, но при сето тоа не се вративте кај Мене, вели Господ.

12Затоа вака ќе постапам со тебе, Израеле; и бидејќи така ќе постапувам со тебе, приготви се да Го дочекаш твојот Бог, Израеле.

13Зашто, ете, Оној, Кој образува гори и создава ветар и му ги објавува замислите Свои на човекот, утринската све­т­лина ја претвора во мрак и оди високо над земјата, Господ Бог Саваот е Него­вото име.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Amos 4.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.