Acts 52006

1А еден човек, по име Ананија, за­едно со својата жена Сапфира, ја продаде нивата

2и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите.

3Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата?

4Додека не беше продадена, нели бе­ше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не из­лажа луѓе, туку Бога!“

5Кога ги слушна Ананија тие збо­ро­ви, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа.

6Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.

7А кога поминаа околу три часа, вле­зе и жената негова, не знаејќи што се случило.

8И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“

9Петар потоа ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата веќе стојат нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“

10И таа веднаш падна пред нозете негови и издивна. А момчињата кога влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж.

11И голем страв ја обзеде целата Црк­ва и сите оние што го слушнаа тоа.

12Преку рацете на апостолите се по­јавуваа знаци и се случуваа многу чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во тремот Соломонов.

13Од другите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше.

14И сѐ повеќе се зголемуваше бројот на оние што веруваа во Господ, мнош­тво од мажи и жени,

15така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сенката негова да осени некого од нив.

16А доаѓаа во Ерусалим и многумина од околните градови, донесувајќи бол­ни, мачени од нечисти духови, и сите се исцелуваа.

17Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и се исполнија со завист,

18и ги кренаа рацете свои на апостолите и ги ставија во јавниот затвор.

19Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:

20„Одете, застанете во храмот и ка­жувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“

21Штом го слушнаа тоа, апостолите влегоа утрината во храмот и почнаа да поучуваат. А првосвештеникот и не­го­вите приврзаници кога дојдоа, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израеловите синови и пратија во зат­во­рот луѓе да ги доведат апостолите.

22Но кога слугите отидоа, не ги најдоа, па, штом се вратија, изјавија,

23велејќи: „Затворот го најдовме зак­лучен како што треба и стражата сто­еше надвор пред портата. А кога отво­ривме, внатре никого не најдовме.“

24Штом ги слушнаа овие зборови, храмскиот заповедник и прво­свеш­те­ни­ците збунети размислуваа што би требало да значи тоа.

25Но некој дојде, ги извести и им ре­че: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“

26Тогаш храмскиот заповедник отиде заедно со слугите и ги доведе, но не на сила; зашто се плашеа од народот со ка­мења да не ги убијат нив самите.

27А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот и првосвештеникот, пра­шувајќи ги, рече:

28„Зарем не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А вие пак го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној човек да ја фрлите на нас.“

29А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.

30Бог на татковците наши Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на крст.

31Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израел.

32За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“

33Кога го слушнаа тоа, тие се разлутија и мислеа да ги убијат.

34Но во Синедрионот стана тогаш еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор,

35а ним им рече: „Луѓе Израелци, раз­мислете добро што ќе правите со овие луѓе!

36Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е тој голем човек, и му се придружија че­тиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му поверуваа, се разотидоа и исчезнаа.

37По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по се­бе доста народ; но и тој загина и сите што го следеа се растурија.

38И сега ви велам — оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши;

39а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не ста­нете борци против Бога!“ Тие го по­слу­шаа,

40и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија.

41А тие излегоа од Синедрионот ра­досни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Господ Исус.

42И секој ден во храмот и по куќите не престануваа да поучуваат и да бла­го­вес­тат дека Исус е Христос.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Acts 5.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.