Acts 42006

1И уште додека тие му зборуваа на н­ародот, пристапија кон нив свеш­тениците, старешината на храмот и са­дукеите,

2огорчени што тие го поучуваат на­ро­дот и навестуваат воскресение на мртвите во името на Исус Христос;

3и кренаа раце на нив и ги ставија под стража до утрината; зашто се беше веќе завечерило.

4А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади.

5Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците,

6првосвештеникот Ана, Кајафа, Јован и Александар, и сите што му при­паѓаа на родот првосвештенички.

7Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква моќ и во чие име го направивте ова?“

8Тогаш Петар, исполнет со Дух Све­ти, им рече: „Началници народни и ста­решини израелски,

9ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој излекуван,

10тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израелски, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, Кого Бог Го воскресна од мртвите.

11Тој е оној камен што од вас ѕи­да­ри­те беше отфрлен, Кој стана камен те­мелник;

12и во никој друг нема спасение: заш­то под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спа­симе.“

13А кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, и дознаа дека тоа се неуки и прости луѓе, тие само се восхитуваа. Сфатија дека и тие беа со Исус.

14Но, гледајќи го излечениот човек како стои со нив, тие немаа што да им возвратат.

15Затоа им заповедаа да излезат надвор од Синедрионот, па почнаа да се со­ветуваат и да се прашуваат еден со друг,

16велејќи: „Што да правиме со овие луѓе? Зашто и големото чудо што се случи преку нив познато им е на сите што живеат во Ерусалим, и ние не мо­жеме тоа да го одречеме.

17Но за да не се разгласува ова по на­родот уште повеќе, строго да ги зап­ла­шиме да не зборуваат повеќе никому во Негово име.“

18И кога ги повикаа, им заповедаа во­општо да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус.

19Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе от­колку Бог;

20зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“

21А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги зап­ла­шија и ги пуштија поради народот; заш­то сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.

22Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од четириесет години.

23И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа прво­свештениците и старешините.

24А овие, штом ги ислушаа, едно­душ­но го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив;

25и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и лу­ѓе­то намислуваат празни работи?

26Се дигнаа царевите земни и кнезо­вите се собраа заедно против Господ и против Неговиот Помазаник ‘.

27И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израелски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти,

28за да го направат она што однапред го беше определила раката Твоја и волјата Твоја — да се збидне.

29И сега, Господи, погледај на нивн­и­те заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го про­по­ве­даат Твоето слово,

30полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“

31И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо.

32А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко.

33Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус Христос; и имаше голема благодат над сите нив.

34Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и па­рите земени за нив ги донесуваа

35и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби.

36Така Јосиф, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, левит, родум од Кипар,

37кој имаше нива, ја продаде, ги до­не­се парите и ги положи пред нозете на апостолите.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Acts 4.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.