Acts 32006

1Еден ден Петар и Јован заедно о­тидоа во храмот во деветтиот час, часот за молитва.

2Таму имаше еден човек, сакат уште од раѓање. Него го носеа секој ден и го поставуваа пред портата на храмот наречена Красна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот.

3Тој, кога ги здогледа Петар и Јован кои сакаа да влезат во храмот, запроси милостина и од нив.

4А Петар, заедно со Јован, го впери кон него погледот и му рече: „Погледни во нас!“

5И тој ги гледаше внимателно, очекувајќи да добие нешто од нив.

6Но Петар рече: „Сребро и злато јас немам, а што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос од Назарет стани и оди!“

7И само што го фати за десната рака, го исправи, а нему веднаш му се зац­врс­наа стапалата и глуждовите;

8па скокна, се исправи и почна да оди. Тогаш влезе во храмот заедно со нив скокајќи и фалејќи Го Бога.

9И сиот народ го гледаше како оди и како Го слави Бога.

10Луѓето го познаа дека тој беше оној истиот што седеше пред портата на храмот наречена Красна, поради ми­лос­тина; и беа полни со восхит и вчудоневиденост за она што се случи.

11И бидејќи оздравениот сакат човек цврсто се држеше за Петар и Јован, кон нив дотрча вчудовиден сиот народ во тремот, наречен Соломонов.

12А Петар, штом го виде тоа, му рече на народот: „Луѓе Израелци, што се чу­дите на ова, и што сте се загледале во нас, како со своја сила или побожност да направивме овој да прооди?

13Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на татковците наши Го прослави својот Син Исус, Кого вие Го пре­да­дов­те и од Кого се одрековте пред лицето на Пилат, кога тој реши да Го пушти.

14Но вие се одрековте од Светиот и Праведниот и побаравте да ви се ослободи човек убиец,

15а Го убивте Зачетникот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите; за тоа сме ние сведоци.

16И поради верата во Неговото име, овој, кого вие го гледате и познавате, го потврди името Негово; а верата во Него го исцели и овој човек пред сите вас.

17А сега, браќа, знам дека вие тоа го направивте од незнаење како и вашите началници.

18А Бог, она што однапред го навести преку устата на сите пророци Свои, од­носно дека Христос ќе пострада, тоа и го исполни.

19Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши,

20за да дојдат од Господ времиња за освежување и Тој да ви Го прати вам претскажаниот Исус Христос,

21Кого небото треба да Го прими до она време, кога ќе се воспостави сѐ што беше рекол Бог преку устата на сите Свои пророци од создавањето на светот.

22Мојсеј им беше рекол на тат­ков­ци­те: ‚Господ Бог ваш од браќата ваши ќе ви издигне Пророк како мене; Него послушајте го за сѐ што ќе ви рече!‘

23И секој што не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребен од народот.

24А сите пророци што пророкуваа, од Самоил, па и оние по нив, го навестуваа исто така и ова време.

25Вие сте синови на пророците и на заветот што Бог го беше направил со вашите предци, велејќи му на Авраам: ‚И во потомството твое ќе бидат благо­словени сите народи на земјата.‘

26Бог, откако Го воздигна Својот Слуга, најнапред вам ви Го прати за да ве благослови, та секој од вас да се од­врати од својата злоба.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Acts 3.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.