1Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња.
2Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници,
3непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,
4предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви,
5на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај!
6Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,
7жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината.
8Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата.
9Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца.
10Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста,
11на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави.
12А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети.
13А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.
14Но ти остани во тоа што си го научил и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил,
15бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус.
16Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност,
17за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.