1Потоа, браќа, молете Му се на Бога за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас,
2и да се избавиме од жестоки и злобни луѓе, бидејќи немаат сите вера.
3Но верен е Господ Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот.
4Ние сме уверени за вас во Господ дека го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме.
5А Господ нека ги насочи срцата ваши право кон љубовта Божја и трпението Христово!
6Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее неуредно, а не според преданието што го добивте од нас!
7Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно кај вас,
8ниту, пак, кај некого јадевме леб дарум, туку работевме со труд и мака дење и ноќе за да не му додеваме на никого од вас.
9И не поради тоа што немавме власт, туку за да бидеме пример, та да се угледате на нас.
10Зашто, кога бевме меѓу вас ви го заповедавме ова — кој не сака да работи, тој нека и не јаде.
11Но слушаме дека некои од вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи;
12на таквите им заповедаме и ги молиме во нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да си го јадат својот леб.
13А вам, браќа, да не ви здодејува да правите добро.
14Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, обележете го и не дружете се со него, за да се посрами;
15но не сметајте го за непријател, туку поучувајте го како брат.
16А Сам Господ на мирот нека ви даде мир секогаш и во секое дело! Господ нека е со сите вас!
17Своерачен поздрав од мене, Павле; тоа е белег во секое послание; јас пишувам така.
18Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин.