1Павле, апостол на Исус Христос, по повелба на Бога нашиот Спасител и Господ Исус Христос, нашата надеж,
2до Тимотеј, вистинското чедо по вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот наш и Христос Исус нашиот Господ!
3Како што на тргнување за Македонија те молев да останеш во Ефес да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење,
4и да не се занимаваат со басни и бескрајни родословија, кои повеќе предизвикуваат расправии, отколку Божјо устројство во верата.
5А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.
6Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија,
7и сакаат да бидат учители по Законот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што тврдат.
8А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува.
9Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и непокорници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци,
10за блудници, за мажеложници, трговци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука,
11според славното Евангелие на блажениот Бог, кое ми е мене доверено.
12Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, зашто сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба,
13мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, бидејќи тоа го правев без да знам, во неверие.
14Но заедно со верата и љубовта во Христос Исус изобилуваше и благодатта на нашиот Господ.
15Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас.
16Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние кои ќе поверуваат во Него за живот вечен.
17А на Царот на вековите, на Нераспадливиот, Невидливиот, Единствен Премудар Бог — нека е чест и слава во сите векови. Амин!
18Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја предавам според пророштвата кои прво тебе те посочија да се бориш како добар војник потпирајќи се на нив,
19имајќи вера и добра совест, која некои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата;
20меѓу нив се Именеј и Александар, што ги предадов на сатаната за да се научат да не хулат.