1Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе:
2за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство.
3Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог,
4Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
5Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето — Човекот Христос Исус,
6Кој се даде Себе како откуп за сите — а тоа се посведочи во свое време;
7па затоа сум поставен како проповедник и апостол — зборувам вистина во Христос, не лажам — како учител на незнабошците во верата и вистината.
8Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии.
9Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки,
10туку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста.
11Жената нека прима поука во мир и потполна потчинетост.
12На жената не ѝ допуштам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
13Бидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева;
14и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап.
15Но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со разборитост.