2 Samuel 202006

1Случајно таму се наоѓаше еден лош човек, по име Сева, син на Бихриј, од Венијаминовото племе. Тој затруби со труба и рече: „За нас нема дел во Давид и нема за нас наследство кај Јесеевиот син; Израелци, сите во шаторите!“

2И сите Израелци се одделија од Давид и отидоа по Сева, синот на Би­х­риј, а Јудејците останаа од страната на царот свој, од Јордан до Ерусалим.

3Давид дојде во домот свој во Ерусалим; и ги зеде царот десетте жени наложници што беше ги оста­вил да ја чуваат куќата; ги смести во одделна куќа под надзор; ги хранеше, но не оде­ше кај нив. И тие престојуваа таму сѐ до смртта своја и живееја таму како вдовици.

4А му рече царот на Амаса: „Свикај ги за три дни Јудејците кај мене и ти самиот дојди тука!“

5И Амаса отиде да ги свика Јудеј­ците, но се задржа повеќе од определеното време.

6Тогаш Давид му рече на Авеса: „Бихриевиот син Сева сега ќе ви доне­се повеќе зло, отколку Авесалом; земи ги слугите на господарот свој и следи го, да не би да најде утврдени градови и да се сокрие од очите наши.“

7И излегоа по него Јоавовите луѓе, и Керетијците и Пелетијците, и сите храбри борци тргнаа од Ерусалим во потера по Бихриевиот син Сева.

8А кога се доближија до големиот ка­мен што е кај Гаваон, ги сретна Амаса. Јоав беше облечен во воената облека своја и препашан со меч, кој висеше на колкот во ножница и кој лесно се ва­деше од неа и влегуваше.

9Јоав му рече на Амаса: „Здрав ли си, брате?“ Јоав ја фати со својата десна рака брадата на Амаса за да го бакне.

10Амаса, внимаваше на мечот што бе­ше во раката на Јоав, и тој го прободе со него во стомакот, така што цревата му се истурија на земја, без да го удри по вторпат, и тој умре. Јоав и братот негов Авеса тргнаа во потера по Сева, Бихриевиот син.

11Еден од Јоавовите слуги стоеше кај трупот на Амаса и велеше: „Кој му е верен на Јоав и кој е за Давид, нека оди по Јоав!“

12А умрениот Амаса лежеше во крвта среде патот. И тој човек, гледајќи дека сите луѓе се запираат над него, го одвлече Амаса од патот во полето и стави врз него облека, бидејќи виде дека секој што минуваше, се запираше над него.

13Но кога тој беше оддалечен од патот, сиот народ Израелов тргна по Јоав да го гони Сева, Бихриевиот син.

14И тој мина низ сите израелски племиња до Авел-Бет-Мааха и преку целиот Берим; и сите жители од градовите се собираа и одеа по него.

15И дојдоа и го опсадија Авел Бет — Мааха; издигнаа насип пред гра­дот, се приближија до ѕидот, и сите луѓе што беа со Јоав, напнаа да го соборат ѕидот.

16Тогаш една умна жена извика од градскиот ѕид: „Чујте, чујте, кажете му на Јоав да дојде ваму, и јас ќе поразговарам со него.“

17Јоав се приближи до неа, и жената праша: „Ти ли си Јоав?“ И тој одговори: „Јас сум.“ Таа рече: „Чуј ги зборовите на слугинката твоја.“ А тој одговори: „Слушам.“

18Таа рече: „Едно време велеа: кој сака да праша, нека праша во Авел; и така го решаваа проблемот.

19Јас сум од мирните, верни израел­ски градови, а ти сакаш да го урнеш гра­дот, и тоа градот — мајка во Изра­ел. Зошто да го разурнуваш наследството Господово?“

20Јоав одговори и рече: „Далеку да е од мене, јас да разурнувам или да униш­тувам!

21Тоа не е така; не се работи за тоа, туку еден човек од Ефремовата Гора, по име Сева, синот Бихриев, крена рака против царот Давид; само него дајте ми го, и јас ќе отстапам од градот.“ А же­ната му рече на Јоав: „Еве, неговата глава ќе ти биде фрлена од ѕидот.“

22Жената отиде пред сиот народ со умните зборови свои и му зборуваше на целиот град да му ја пресечат главата на Сева, Бихриевиот син. И му ја пресекоа главата на Сева, синот на Бихриј, и му ја фрлија на Јоав. Тогаш Јоав за­труби со труба, и сите луѓе се разотидоа од градот по шато­рите свои; а Јоав се врати во Еруса­лим кај царот.

23Јоав беше поставен над сета изра­елска војска, додека Ванеја, синот на Јодај, командуваше со Керетијците и над Пелетијците;

24Хадорам одговараше за даноците; Јосафат, Ахилудовиот син, беше лето­писец;

25Сева — писар; Садок и Авијатар — свештеници;

26исто така и Ира Јаирецот беше свештеник кај Давид.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Samuel 20.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.