1Ова е третпат како доаѓам кај вас: „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе се потврди секој збор.“
2Како што ве предупредив, кога бев по вторпат кај вас, така и сега, кога не сум меѓу вас, ги предупредувам оние кои однапред погрешија и сите други, дека ако дојдам пак, нема да поштедувам;
3вие барате доказ дека зборува Христос во мене, Кој спрема вас не е немоќен, туку е силен меѓу вас.
4Зашто, иако беше во немоќ распнат, Тој е жив по моќта Божја; бидејќи сме и ние слаби во Него, но ќе бидеме живи со Него, преку силата Божја меѓу вас.
5Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами проверувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни.
6А за нас, се надеваме дека ќе разберете дека ние не сме недостојни.
7Му се молиме на Бога да не правите никакво зло; не да се покажеме ние како достојни, туку вие да вршите добро, па макар ние како недостојни да останеме.
8Зашто ние сме силни не против вистината, туку за вистината.
9Се радуваме кога ние слабееме, а вие јакнете. А за тоа и Му се молиме на Бога за вашето усовршување.
10Овие работи ви ги пишувам додека сум далеку од вас; па, кога ќе дојдам кај вас, да не употребам строгост според власта која ми ја даде Господ за надградување, а не за рушење.
11И така, браќа, радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, бидете едномислени, живејте во мир, — и Бог на љубовта и на мирот ќе биде со вас.
12Поздравете се еден со друг преку свет целив. Ве поздравуваат сите светии.
13Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и Отецот и заедништвото на Светиот Дух нека бидат со сите вас. Амин!