2 Chronicles 72006

1Кога Соломон ја заврши молит­ва­та, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Госпо­дова го исполни домот.

2И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Гос­подова го исполни домот Господов.

3И сите синови израелски, кога ви­доа, како слезе оган и слава Гос­подова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е добар, зашто милоста негова е вечна.

4А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господ.

5И принесе царот Соломон за жртва дваесет и две илјади волови и сто и два­есет илјади овци: така го осветија Бож­јиот дом царот и сиот народ.

6Свештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господ, што ги беше направил царот Давид, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израел стоеше.

7Соломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Гос­подов: таму ги принесе сепалениците и лојот од помирителните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Со­ломон, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот.

8И направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израел, — многу голем со­бор, што се беше стекол од Емат до египетскиот поток;

9а на осмиот ден направија свечен собир, зашто осветувањето на жртве­никот го правеа седум дена и праз­никот — седум дена.

10И на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и весели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давид и Соломон и на својот народ Израел.

11И го заврши Соломон домот Госпо­дов и домот царски, заврши успешно сѐ што беше наумил во срцето свое да го изврши во Господовиот дом и во својот дом.

12И Господ му се јави на Соломон но­ќе и му кажа: „Ја чув твојата молитва и Си го одбрав тоа место за дом на жрт­вопринесувања.

13Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ,

14и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.

15И сега очите Мои ќе бидат отво­рени и ушите Мои внимателни кон мо­литвата во ова место.

16И сега Јас го избрав и го осветив овој дом, та името Мое да биде таму засекогаш; и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.

17И, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти Давид, и ако вр­шиш сѐ, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш повелбите Мои и законите Мои,

18Јас ќе го зацврстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татко ти Давид, велејќи: ‚нема да снема маж, што ќе владее над Израел.‘

19Но, ако отстапите и ако ги на­пуштите наредбите Мои и заповедите Мои, што сум ви ги дал, и тргнете да служите на други богови и да им се поклонувате,

20Јас ќе го истребам Израел од лицето на Мојата земја, што сум му ја дал, и овој храм, што сум го осветил на Мое име, ќе го отфрлам од лицето Свое и ќе го направам за приказ и за потсмев кај сите народи.

21А за овој храм, толку славен, секој, што ќе мине покрај него, ќе се вџаши и ќе рече: ‚Зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘

22И ќе речат: ‚Затоа, што тие Го оставија Господ, Бог на нивните предци, Кој ги изведе од египетската земја, и се приврзаа за други богови, и, се поклонуваа и им служеа, — затоа Тој им го испрати сево ова зло.‘“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 7.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.