2 Chronicles 82006

1Откако, изминаа дваесет години, во кое време Соломон го градеше домот Господов и својот дом,

2Соломон ги изгради и градовите, што му ги беше дал Хирам, и ги всели во нив синовите израелски.

3Потоа отиде Соломон против Ха­мат-Цова и го презеде.

4Го изгради Тадмор во пустината и сите градови за житници, какви што направи во Хамат.

5Ги изгради Горни Веторон и Долни Веторон, градови утврдени со ѕидишта, порти и резиња,

6и Ваалат и сите градови за скла­дови, во кои Соломон имаше житници, сите градови за коли и градови за коњаница, и сѐ што сакаше да изгради Соломон во Ерусалим и во Ливан и по целата земја на своето царство.

7Сите луѓе, останати од Хитијците, Аморејците, Перизијците, Евејците и Јевусијците, што не беа од синовите Израелови —

8децата нивни, останати по нив на земјата, кои синовите Израелови не ги беа истребиле — Соломон ги потчини и принуди да плаќаат данок сѐ до ден-денес.

9А синовите Израелови Соломон што не ги направи слуги за свои работи, тие беа војници и главни над неговите воени началници и заповедници на колите и коњаницата негова.

10Главните настојници, што управуваа со народот кај царот Соломон, беа двесте и педесет.

11Соломон ја пренесе ќерката фарао­нова од Давидовиот град во домот, што го изгради за неа, зашто, велеше тој, жена не смее да живее кај мене во до­мот на израелскиот цар Давид, бидејќи домот е осветен: во него е влезен ков­чегот Господов.

12Тогаш Соломон почна да Му принесува сепаленици на Господ на жртве­никот Господов, што беше го изградил пред тремот,

13за принесување сепаленици, според наредбите секој ден, како што беше заповедал Мојсеј, во саботите и во новомесечијата и во празниците трипати во годината: на празникот Бес­квасници, на празникот Седмици и на празникот Сеници.

14И ги установи, според распоредот на татко си Давид, смените и свеште­ниците според службата нивна, на левитите според смените нивни, за да славо­словат и да служат при свештениците според потребите за секој ден, и на вратарите според смените нивни, кај секоја врата, би­дејќи таква беше запо­ведта на Давид, Божјиот човек.

15И не отстапуваа од царевите запо­веди за свештениците и за левитите во ништо, ниту пак за ризницата.

16Така беше подготвена целата работа на Соломон од денот, кога се основа домот Господов, до целосното завршу­вање негово.

17Тогаш отиде Соломон во Ецјон-Ге­вер и во Елат, што е на морскиот брег, во земјата едомска.

18И Хирам му испрати по свои слуги кораби и слуги, што го знаеја морето, и тие отидоа со слугите Соло­монови во Офир, од каде што изнесоа четиристотини и педесет кикари злато, и му го донесоа на царот Соломон.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 8.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.