2 Chronicles 312006

1Откако заврши сето тоа, сите Израелци што се најдоа таму, отидоа по јудејските градови, та ги испокршија идолите, ги исекоа посве­тените дрвја, ги разрушија оброчишта­та и жртвениците докрај по целата Ју­деја и во земјата Вени­јаминова, Ефре­мова и Манасиева. Потоа се вратија си­те синови Израе­лови, секој на својот имот, во градо­вите свои.

2И нареди Езекија свештенички и левитски смени, според распределбата нивна, секој кај својата работа, свеш­теничка и левитска, кај сепаленица и кај помирителни жртви, за служба, за фалење и славословие, кај вратата на домот Господов.

3И определи царот дел од имотот свој за сепаленици; за утрински и вечерни сепаленици, за сепаленици во саботите според новомесечијата и празниците, како што е запишано во законот Господов.

4Му заповеда уште на народот во Ерусалим, да им дава одредена издршка на свештениците и левитите, за да би­дат ревносни во законот Господов.

5Кога се разгласи таа заповед, сино­вите израелски издонесоа многу големи количества: жито, вино, ма­сло, мед и секакви полски производи; донесоа уште десеток од сѐ во изобилство.

6Израелците и Јудејците што жи­вееја по јудејските градови, исто така донесоа десеток од крупниот и ситниот добиток и десеток од жртвите, посве­тени на нивниот Господ Бог; и ги ставија на купови.

7Почнаа во третиот месец да натру­пуваат купови, и завршија во седмиот месец.

8И дојдоа Езекија и кнезовите и видоа купишта, Го благословија Гос­пода и народот Негов Израел.

9Тогаш ги праша Езекија свеште­ниците и левитите за тие купишта.

10Му одговори Азарија, првосвеш­теник од домот Садоков, и рече: „Откако почнаа да носат приноси во домот Господов, јадевме до наситување и пак остана многу, зашто Господ го благослови народот Свој. Ова големо множество е остаток.“

11Тогаш Езекија заповеда да подготват соби во домот Господов. И тие подготвија.

12И ги внесоа таму приносите, десетоците и жртвите со голема точност. Настојник кај нив беше левитот Кона­нјаху, а братот негов Шимеј го држеше второто место.

13А Јехиил, Азазија, Нахат, Асаил, Јеримот, Јозавад, Елиил, Јисмахија, Маат и Ванеја беа надзорници под управа на Конанјаху и неговиот брат Семеј — по наредбата на царот Езекија и Аза­рија, началникот на Божјиот дом.

14Кореј, синот на Јимнин, левит, вра­тар на источната страна, беше кај доб­роволните приноси на Бога, за да го разделува принесеното на Господ и најважните осветени предмети.

15Под негова управа беа: Еден, Минијамин, Јешуа, Шемаја, Амарија и Шеханија во свештеничките градо­ви, на кои им беше наложено да раздаваат делови на браќата свои подеднакво, како на големите, така и на малите, според нивните редови —

16освен на оние кои се внесени во родословието, — на сите машки од три години и нагоре, на сите, што одат во домот Господов за секојдневните рабо­ти, — за службата нивна, според долж­ностите нивни и според редовите нивни.

17Запишувањето на свештениците беше според нивните татковски домови, на левитите од дваесет години и нагоре, според должностите нивни според редовите нивни.

18Свештениците беа запишани во списокот со сите нивни малолетни деца, со жените нивни, синовите нивни и ќерките нивни, сето општество, бидејќи тие со целосна верност ѝ се посветија на свештената служба.

19А за синовите Аронови, свеште­ници во селата околу градовите нивни, во секој град беа поставени мажи определени да ги раздаваат деловите на секое машко кај свеште­ниците и на сите, запишани во списокот кај левитите.

20Еве што направи Езекија по цела Јудеја; тој го правеше, она што е добро и право и вистинито пред Господ, својот Бог.

21И во сѐ она, што го преземаше за да му служи на Божјиот дом и да го запази законот и заповедите, мислејќи на својот Бог, тој се трудеше од сѐ срце, и имаше успех.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 31.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.