2 Chronicles 302006

1Езекија испрати гласници по целата земја израелска и Јудеја, а напиша и писма до Ефрем и племињата на Манасија, да дојдат во домот Господов во Ерусалим, за да прослават Пасха на Господ, Бог Израелов.

2А царот и началниците и целото собрание во Ерусалим решија да про­слават Пасха на вториот месец,

3бидејќи не можеа да ја прослават кога ѝ беше времето, зашто уште нема­ше доволен број осветени свеш­теници, па и народот не се беше собрал во Ерусалим.

4Тоа му се допадна на царот и на целото собрание.

5И решија да разгласат по цел Израел, од Вирсавија до Дан, да отидат во Ерусалим да Му направат Пасха на Господ, Бог Израелов, зашто одамна не ја беа правеле, како што е наредено.

6И тргнаа гласници со писма од царот и од началниците негови по целата земја израелска и Јудеја, и по заповед на царот велеа: „Деца израелски! Обратете се кон Господ, Бог Авраамов, Исаков и Израелов, и Тој ќе се сврти кон оние, што се уне­среќени меѓу вас од раката на асирските цареви.

7И не бидете како предците ваши и браќата ваши, кои постапуваа беззаконо пред Господ, Бог на вашите предци, и Тој ги предаде за истребување, како што гледате.

8Сега не бидете тврдоглави како вашите предци, покорете Му се на Гос­под и доаѓајте во светилиштето Негово, кое Тој го освети засекогаш; служете Му на Господ, нашиот Бог, и Тој ќе го отстрани од вас пламенот на Својот гнев.

9Кога ќе се обратите кон Господ, бра­ќата ваши и децата ваши ќе најдат ми­лост кај оние, што ги заробиле, и ќе се вратат во оваа земја; зашто Господ, Бог наш, е благ и милосрден и нема да го сврти лицето од вас, ако се обратите кон Него.“

10Гласниците одеа од град во град по земјата Ефремова и Манасиева, сѐ до Завулоновата, но им се смееја и се подбиваа со нив.

11Само некои од коленото Асирово, Манасиево и Завулоново се понизија и дојдоа во Ерусалим.

12А над Јудеја беше раката Божја, та им даде еднодушност, за да ја исполнат заповедта на царот и началниците, според словото Госпо­дово.

13И се собра во Ерусалим многу народ, за да го празнуваат празникот на Бесквасниците пред вториот месец: собранието беше многубројно.

14Па станаа и ги растурија жртве­ниците, што беа во Ерусалим, и сѐ, врз кое кадеа на идолите, испокршија и го фрлија во потокот Кедрон,

15го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од вториот месец. Свештениците и левитите, по­срамени, се осветија и принесоа сепаленица во домот Господов,

16и застанаа по своите места, според уредбата своја, по законот на Мојсеј, Божјиот човек. Свештениците оросуваа со крв, земајќи ја од рацете на левитите.

17А бидејќи во собранието имаше мнозина кои не се беа осветиле, тогаш, наместо тие нечистите, го колеа пасхалното јагне левитите, за да го посветат на Господ.

18Мнозина од народот, повеќето од племето Ефремово и Манасиево, Иса­харово и Завулоново, не се очис­тија; но и тие јадеа Пасха, непрописно.

19Но Езекија се помоли за нив и рече: „Благиот Господ да му прости на секого, кој го расположил срцето свое да Го бара Господ Бог, Бог на своите предци, макар и без свештено очистување.“

20И Господ го послуша Езекија и му прости на народот.

21Така синовите Израелови, кои беа во Ерусалим, го извршија празникот на Бесквасниците седум дена со голема веселба; секој ден левитите и свеште­ниците Го славеа Господа со свирки, нагласени за славословување на Господ.

22И говореше Езекија според срцето на сите левити, кои знаеја добро да Му служат на Господ. И ја јадеа праз­ничната жртва седум дена, принесувајќи свечени жртви и славејќи Го Гос­под, Бог на своите предци.

23И целото собрание реши да празнува уште седум дена, и ги поминаа тие седум дена во веселба,

24зашто Езекија, цар јудејски, доте­ра за собраните илјада телиња и десет илјади ситен добиток, кнезовите му подарија на собранието илјада телиња и десет илјади ситен добиток; тогаш веќе се осветија голем број свештеници.

25И се веселеа сите собрани од Јудеја, свештеници и левити, и целото собра­ние, надојдено од Израел, и дојденците што беа дошле од израелската земја и кои живееја во Јудеја.

26И стана голема веселба во Еру­салим, зашто од дните на Соломон, син Давидов, цар израелски, не се случи такво нешто во Ерусалим.

27Тогаш станаа свештениците и левитите и го благословија народот; и нив­ниот глас беше чуен од Господ, и мо­литвата нивна се вознесе до небесата, во светото Негово живеалиште.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 30.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.