2 Chronicles 162006

1Во триесет и шестата година од царувањето на Аса, израелскиот цар Баша се крена против Јудеја и почна да ја утврдува Рама, за да не му дозволи никому ниту да излегува од ју­дејскиот цар Аса, ниту да доаѓа кај него.

2Тогаш Аса изнесе сребро и злато од ризниците на домот Господов и на цар­скиот дом и ги испрати до арамејскиот цар Венадад, кој живееше во Дамаск, велејќи:

3„Нека има сојуз меѓу мене и тебе, како што беше меѓу татко ми и таткото твој; ти испраќам сребро и злато: оди и раскини го сојузот свој со израелскиот цар Баша, за да се повлече од мене.“

4Венадад го послуша Аса и испрати свои војводи, што ги имаше кај себеси, против израелските градови, и тие го опустошија Ијон, Дан и Авел-Маим и сите житници во Нефталимовите гра­дови.

5Кога чу за тоа Баша, престана да ја утврдува Рама и ја прекина работата своја.

6А царот Аса ги собра сите Јудејци, и тие ги изнесоа од Рама камењата и др­вата, што ги употребуваше Баша за градење, и ги изгради со нив Гева и Мицпа.

7Во тоа време дојде јасновидецот Ананиј кај јудејскиот цар Аса и му рече: „Бидејќи ти се потпре на арамеј­скиот цар, а не се потпре на Господ, твојот Бог, затоа се спаси од рацете твои војската на арамејскиот цар.

8Етиопјаните и Либијците не беа ли со поголема сила и со многу повеќе коли и коњаници? Но бидејќи ти се потпре на Господ, и Тој ги предаде во раката твоја,

9зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие срце наполно Му е предадено Нему. Ти сега постапи неразумно; затоа отсега ќе имаш војни.“

10Тогаш Аса се налути на јасновидецот и го затвори во темница, бидејќи беше разјарен против него поради тоа. Во тоа време Аса угнетуваше и некои од народот.

11Впрочем, делата на Аса, први и пос­ледни, се опишани во книгата на царевите јудејски и израелски.

12На триесет и деветтата година од царувањето свое Аса се разболе во но­зете, и болеста негова се прошири до горните делови на телото; но тој ни во болеста своја не Го побара Господа, туку лекари.

13И почина Аса кај своите предци и умре во четириесет и првата година од царувањето свое.

14И го погребаа во гробницата, која сам си ја беше изградил во Дави­довиот град; го положија на одарот, преполн со благопријатни мириси и со разни веш­тачки масти; и ги из­гореа во голем оган во негова чест.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 16.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.