2 Chronicles 152006

1Тогаш Духот Божји слезе врз Азарија, син Одедов.

2Тој излезе да го пресретне Аса и сите Јудејци и Венијаминовци, и им рече: „Послушајте ме, Аса и сите Јудеј­ци и Венијаминовци: Господ е со вас, кога сте вие со Него; и ако Го барате, ќе Го најдете; ако, пак, Го оставите, и Тој ќе ве остави.

3Долго време Израел беше без вистински Бог, без свештеник да поу­чува, и без закон;

4но кога во притеснетоста своја се обрати кон Господ, Бог Израелов, Го побара и Го најде.

5Во тие времиња немаше мир ни за оние што излегуваа, ни за оние што вле­гуваа; зашто имаше голема збрка меѓу сите жители земни;

6народ се биеше со народ, и град со град, затоа што ги потресе Бог со се­какви неволји.

7Но вие држете се цврсто, и рацете ваши да не ослабуваат, зашто ќе има награда за делата ваши.“

8Кога ги чу Аса тие зборови и про­роштвата на Азарија, син на пророкот Одед, тој се охрабри и ги отстрани не­знабожечките гнасотии од целата земја јудејска и Венија­минова, и од градовите на Ефремо­вата Гора што ги беше презел, го обнови и жртвеникот Госпо­дов што беше пред Господовиот трем.

9Тогаш ги собра сите Јудејци и Вени­јаминовци и преселени од Еф­рем, Ма­насија и Симеон, кои живееја со нив; за­што многу Израелци преминаа кон не­го, откако видоа дека Господ, неговиот Бог, е со него.

10И се собраа во Ерусалим во третиот месец на петнаесеттата година од царувањето на Аса.

11Во тој ден Му принесоа жртва на Господ од пленот што го донесоа: од крупниот добиток седумстотини и од ситниот — седумдесет илјади.

12Дадоа завет дека ќе Го бараат Го­с­под, Бог на своите предци, од сѐ срце и од сета душа;

13а секој, што нема да Го побара Гос­под, Бог Израелов, да умре — бил тој мал или голем, маж или жена.

14И се заколнаа во Господ громогласно со восклици и при звукот на трубите и роговите.

15И сите Јудејци се радува на таа заклетва, зашто се колнеа од сѐ срце и со сета волја. Го бараа Господа, и Го најдоа. Тогаш Господ им даде спокој од сите страни.

16А мајка си Мааха царот ја лиши од почеста да биде царица мајка, затоа што ѝ направила гнасен идол на Ашера. Аса го сруши идолот нејзин, го исече на парчиња и го изгори во Кедронскиот дол.

17Иако идолските светилишта не беа отстранети во Израел, но срцето на Аса беше наполно предадено на Господ во сите дни негови.

18Тој го внесе посветеното од таткото свој во Божјиот дом; среброто, златото и садовите.

19И немаше војна до триесет и петтата година од царувањето на Аса.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 15.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.