2 Chronicles 172006

1На негово место се зацари синот негов Јосафат, кој пока­жа сила против Израелците.

2Тој распореди војски по сите утврдени градови на Јудеја и постави стра­жи по земјата јудејска и по градовите Ефремови, што ги беше завладеал татко му Аса.

3И Господ беше со Јосафат, зашто одеше по правите патишта на таткото свој Давид и не ги бараше Ваа­ловците,

4туку Го бараше Бога на таткото свој и постапуваше по Неговите заповеди, а не по делата на Израел­ците.

5И Господ го зацврсти царството во рацете негови; сите Јудејци му носеа подароци на Јосафат; тој се здоби со големо богатство и слава.

6Срцето негово се храбреше на Гос­подовите патишта; притоа тој ги от­страни оброчиштата и паганските све­тилишта во Јудеја.

7А на третата година од царувањето ги испрати началниците свои Бенхаил, Авдија, Захарија, Натанаил и Михеј да го поучуваат народот по Јудините гра­дови,

8и со нив левитите: Шемаја, Нета­нија, Зевадија, Асаил, Шемирамот, Јо­натан, Адонија, Товијаху и Тов-Адони­ја, а со нив уште и свештениците Елишама и Јорам.

9Тие ги подучуваа Јудејците, носеј­ќи ја со себе Книгата на Законот Господов; ги обиколуваа сите јудејски градови и го учеа народот.

10И ги обзеде страв Господов сите зем­ни царства околу Јудеја, и не војуваа со Јосафат.

11А од Филистејците му носеа на Јосафат дарови и сребро за данок; исто така и Арапите му донесуваа ситен добиток: седум илјади и седумстотини овни и седум илјади и седумстотини јарци.

12Се издигаше Јосафат сѐ повеќе, и изгради во Јудеја домови, градови и тврдини.

13Тој имаше големо богатство во јудејските градови, а во Ерусалим — храбри борци.

14Еве го нивниот список според домовите на нивните предци: од Јуда илјаданачалници: Адна водач, кој има­ше триста илјади храбри војници;

15по него Јоанан началник, кој имаше двесте и осумдесет илјади;

16по него Амасија, Зихриев син, кој Му се беше посветил на Господ; тој имаше двесте илјади силни војници.

17Од Венијамин: храбриот војник Елијада, кој имаше двесте илјади воору­жени со лак и штит;

18по него Јозавад, кој имаше сто и осумдесет илјади вооружени војници.

19Ете, тие му служеа на царот, покрај оние што ги беше распоредил царот во утврдените градови по цела Јудеја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 17.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.