1 Peter 42006

1Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пос­трада со телото, тој прекинал со гревот,

2та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со чо­вечки похоти, туку според волјата Бож­ја.

3Зашто доволно е што минатото вре­ме на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во не­чес­тиво идолопоклонство.

4Затоа тие и се чудат што не се дру­жите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас.

5Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мрт­вите.

6Зашто и на мртвите им беше про­по­ведано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога.

7Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите.

8А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“

9Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување.

10Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат.

11Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој слу­жи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог пре­ку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин.

12Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува.

13Напротив. Ако учествувате во страдањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите.

14А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие — Го прославувате.

15Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник, ни­ту како оној што се меша во туѓи ра­бо­ти;

16но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество.

17Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?

18И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од без­бож­ни­ци­те и грешниците!?

19И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Peter 4.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.