1Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој и самиот сум свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие:
2пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради срамна печалба, туку од сѐ срце.
3И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото.
4А кога ќе се јави Пастироначалникот, ќе добиете венец на слава што никогаш не свенува.
5Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
6Понизете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето.
7Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас.
8Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта;
9спротивете му се со тврда вера, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот.
10А Бог на секоја благодат, Кој ве повика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко страдање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи.
11Нему слава и власт во веки веков. Амин!
12По Силван, нашиот верен брат, како што мислам, ви го напишав ова кратко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинската Божја благодат. Останете цврсто во неа!
13Ве поздравува црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој.
14Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос. Амин!