1 Peter 22006

1Отфрлете, пак, од себеси секаква пакост и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секакво клеветење,

2како новородени деца бидете желни за вистинско и духовно млеко, та во него да пораснете за спасение,

3бидејќи вкусивте дека Господ е добар.

4Пристапете кон Него, живиот ка­мен, од луѓето отфрлен, но од Бога из­бран, драгоцен,

5вие кои како живи камења сте вгра­дени во духовен дом, свештенство све­то, за да принесете духовни жртви кои Му се на Бога пријатни преку Исус Христос.

6Зашто во Писмото стои напишано: „Еве, на Сион поставувам камен темелник, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами!“

7Вам, пак, кои верувате, Тој ви е чест, а за неверниците — „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник“,

8камен од кој тие се сопнуваат и ка­мен на кој паѓаат, зашто не му се покоруваат на словото; за тоа се тие и одредени.

9Но вие сте избран род, царско свеш­тенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина;

10вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте по­милувани, а сега сте помилувани.

11Возљубени, ве молам, како придојдени и гости, да се пазите од телесните похоти што војуваат против душата.

12Однесувајте се достојно меѓу незна­бошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата.

13И така, покорувајте се на секоја чо­вечка власт, поради Господ: било на цар, како на врховна власт,

14било на управители на Негови пра­теници за да ги казнат злосторниците, а за да ги пофалат добротворците!

15Зашто, таква е волјата Божја, — со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе,

16како слободни, а не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за вршење зло, туку — како слуги Божји.

17Почитувајте го секого, браќата сакајте ги, имајте страхопочит кон Бо­га, царот почитувајте го!

18Слуги, покорувајте им се на господарите свои, не само на добрите и крот­ките, туку и на лошите!

19Зашто, тоа ви оди во прилог, ако некој, од сознание за Бога, поднесува скрб, страдајќи несправедливо.

20Зашто, каква е пофалбата, ако трпите кога ве тепаат поради престапи? Но, ако трпите кога правите добро и страдате, тоа Му е угодно на Бога.

21Бидејќи вие сте за тоа повикани, зашто и Христос пострада за вас, оста­вајќи ни пример за да врвиме по Него­вите стапки:

22Тој не направи грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама;

23кога на Него хулеа, Тој не им од­враќаше со хули; кога страдаше, не се закануваше, туку се потпираше на Оној Кој праведно суди.

24Тој сам ги носеше нашите гревови на крстот во телото Свое, та ослободени од гревовите да живееме за правдата: „Преку Неговата рана се исцелив­те.“

25Зашто бевте како овци изгубени, кои немаат пастир, но сега се обративте кон Пастирот и Чуварот на вашите души.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Peter 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.