1 Peter 12006

1Петар, апостол на Исус Христос, до повратниците распрснати по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витанија,

2избрани по предзнаењето на Бог Отецот, и осветени од Духот за пос­луш­ност и попрскување со крвта на Исус Христос: да ви се умножат благодатта и мирот!

3Благословен е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој по својата голема милост нѐ прероди преку воскресението на Исус Христос од мртвите за жива надеж,

4за наследство што не пропаѓа, чисто, кое не свенува, запазено на небесата за вас,

5кои Божјата сила преку верата ве сочувала за спасение, приготвено да се открие во последното време.

6Затоа радувајте се, макар што мо­же­би сега ќе треба малку и да тагувате по­ради разновидни искушенија,

7та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за по­фалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос,

8Кого Го сакате, иако не сте Го ви­де­ле, и во Кого верувајќи сега, а не гле­дај­ќи Го, се радувате со неискажлива и славна радост,

9примајќи ја крајната цел на вашата вера — спасението на душите.

10Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за вашата благодат.

11Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов однапред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив;

12ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, туку за вас со она што ви се јави сега вам преку оние кои го проповедаа Евангелието од не­бото преку Светиот Дух, и во кое копнеат да ѕирнат ангелите.

13Поради тоа, возљубени, препашете ги колковите на умот свој, бидете бодри и имајте целосна надеж дека ќе ви се принесе благодатта при јавувањето на Исус Христос.

14Како послушни чеда, не постапувај­те веќе според поранешните ваши похоти, кога бевте во незнаење.

15Но, по примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во сите ваши постапки.

16Зашто напишано е: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.“

17Ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно секому му суди според делата, тогаш поминувајте го времето на својот живот во страхопочит,

18знаејќи дека со пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот, кој ви се предаде од татковците ваши,

19туку со скапоцената крв на не­по­рочното и чисто Јагне — Христос,

20Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во последно време заради вас,

21кои преку Него поверувавте во Бо­га, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога.

22Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Ду­хот, за нелицемерно братољубие, сакај­те се еден со друг постојано со чисто ср­це,

23како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој живее во сите векови.

24Зашто телото е како трева, и секоја човечка слава — како цвет од трева: се исушува тревата, и цветот нејзин паѓа;

25но словото Господово останува засекогаш. А тоа слово е Евангелието што ви беше објавено.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Peter 1.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.