James 52006

1Ајде сега вие, богати, плачете и липајте за страшните маки што идат на вас.

2Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа.

3Златото ваше и среброто ви за'рѓаа, и 'рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган! Сте насобрале богатство за пос­ледните дни.

4Ете, платата што сте ја задржале од работниците, кои работеле на вашите ниви, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господ Саваот.

5Се веселевте на земјата и се насладувавте, ги згоивте срцата ваши како за ден на клање.

6Го осудивте, Го убивте праведникот; и тој не се спротивставуваше.

7Бидете трпеливи, браќа мои, до доа­ѓањето на Господ! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.

8Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, зашто доаѓањето на Господ се приближи.

9Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Су­ди­јата стои пред вратата.

10Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името Господово.

11Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него.

12А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да — да и не — не, за да не паднете под суд!

13А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека Го фа­ли Господа!

14Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово.

15И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат.

16Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.

17Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.

18И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод.

19Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го по­вра­ти,

20тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една ду­ша од смрт и ќе покрие многу гре­во­ви.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for James 5.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.