1Што се однесува, пак, до месото клано за идоли, мислам дека сите имаме знаење. Но, знаењето возгордејува, а љубовта надградува.
2Ако некој мисли дека нешто знае, тој уште не осознал како треба да знае.
3Ако, пак, некој Го љуби Бога, Бог него го познава.
4А по однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо на светов и дека друг Бог нема, освен Единиот.
5Зашто, макар и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу „богови“ и многу „господари“,
6сепак, ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е сѐ, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ и ние сме преку Него.
7Но тоа знаење го нема секој: некои според досегашната навика за идолите, го јадат месото на жртвите идолски, а совеста нивна им се осквернува бидејќи е нејака.
8Храната не нѐ приближува кон Бога. Ниту добиваме нешто ако јадеме, ниту нешто губиме ако не јадеме.
9Но пазете, пак, таа ваша слобода да не стане на некој начин спрепка за слабите.
10Зашто ако некој те види тебе, што имаш знаење, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи е нејак, да биде поттикната да јаде идолски жртви?
11И покрај твоето знаење ќе пропадне нејакиот, братот за кого умрел Христос.
12И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната нејака совест, вие грешите против Христос.
13Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнувам својот брат.