1 Chronicles 42006

1Синови на Јуда: Фарес, Есром, Карми, Ор и Шовал.

2Реаја, Шовалов син, го роди Јахат; Јахат ги роди Ахумај и Лахад; од нив се родовите на Цорат.

3А ова се синовите на Етам: Јиз­реел, Јишма, Јидбаш, и сестрата нивна, по име Хаселелпонија.

4Фенуел, татко на Гедор, и Езер, татко на Хушин. Тоа се синовите на Ор, првенец Ефратов, татко Витлее­мов.

5Ашхур, таткото на Текоа, имаше две жени: Хела и Наара.

6Наара му ги роди Ахузам, Хефер, Темени и Ахаштари, тоа се синовите од Наара.

7Синови од Хела: Зерет, Цохар, и Етнан.

8Коз го роди: Анув и Хасовев и родовите на Ахархел, син на Харум.

9Јабец беше попрочуен од своите браќа. Мајка му го нарече Јабец, веле­јќи: го родив со болки.

10И повика Јабец кон Бог Израелов, велејќи: „О, да ме благословеше со Твојот благослов, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!“ И Бог му го даде она за што молеше.

11А Халев, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ештон.

12Ештон го роди Бет-Раф, Пасеах и Техина, таткото на Ирнахаш; тоа се жителите на Река.

13Синови на Кеназ: Готониил и Сераја, синови на Готониил: Хатат и Меонотај.

14Меонотај го роди Офра, а Сераја го роди Јоав, таткото на Гехара­шимците, наречени така зашто беа занаетчии.

15Синови на Халев, Јефунеов син: Ир, Ила и Наам. Син на Ила: Кеназ.

16Синови на Јехалелел: Зиф, Зифа, Тирија и Асраел.

17Синови на Езра: Јетер, Меред, Ефер и Јалон; Јетер, пак, го роди Мир­јам, Шамаја и Јишбах, таткото на Ештемоа.

18А жена му, Јудејката го роди Јаред, Гедоров татко, и Хевер, татко на Сохо, и Јекутиел, татко на Заноах. Тоа беа синови на фараоновата ќерка Битија, што ја беше зел Меред.

19Синовите на жената на Одија, сестра Нахамова, беа татковци на Кеила, Гермиецот и на Ештемоа од Маахат.

20Синови на Симон: Амнон, Рина, Бен-Ханан и Тилон. Синови на Иши: Зохет и синот на Зохет.

21Синови на Шела, син Јудин: Ер, татко на Лека и Лаада, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Бет-Ашбеа,

22и Јоким, и жителите на Хозев, и Јоас, и Сараф, кои имаа имоти во Моав, и Јашуви-Лахем; но тоа се дамнешни работи.

23Тие беа грнчари, живеејќи и во Нетаим и Гедера; живееја таму кај царот, за да му работат.

24Синови Симонови: Немуел, Ја­мин, Јарив, Зерах и Саул.

25Негов син Селум; негов син Мив­сам; негов син Мишма.

26Синовите на Мишма: Хамуел, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Шимеј.

27Шимеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки, но браќата негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини.

28Тие живееја во Вирсавија, Молада и Хацар-Шуал,

29во Билха, во Ецем, во Толад,

30во Ветуил, во Хорма, во Циклаг,

31во Бет-Маркавот, во Хацар-Су­сим, во Бет-Бириј и во Шаараим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давид,

32со селата нивни: Етам, Ен-Римон, Токен и Ашан, — пет градови,

33и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија.

34А Мешовав, Јамлек и Јоша, син на Амасија,

35Јоил и Јуј, син на Јошивија, син на Сераија, син Асиелов,

36Елиоенај, Јакова, Јехошаја, Асаја, Адиел, Јесимиел и Бенаија,

37и Зиза, син на Шифиј, син на Алон, син на Једаја, син на Шимри, син Шемаиев, —

38сите овие споменати беа началници над своите родови, и домот на татков­ците нивни се разграни многу.

39Тие одеа до Гедор и до источната страна на долината, за да најдат пасиш­та за стадата свои;

40и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано живееја малкумина од Хамов­ците.

41Па појдоа тие, запишани поиме­нично, во дните на јудејскиот цар Езе­кија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се наоѓаа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни.

42А од нив, од Симоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сеир; началници им беа: Пелатија, Неа­рија, Рефаја и Узиил, синови на Иши,

43и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Chronicles 4.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.