1Синови на Рувим, првороден Израелов; тој беше првороден, но откако ја оскверни постелата на татко си, првенството им беше дадено на синовите на Јосиф, син Израелов, но под услов да не се пишат првородени.
2Бидејќи Јуда беше најсилен меѓу браќата свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосиф, —
3синови на Рувим, првородениот Израелов, беа: Енох, Палу, Есром и Карми.
4Синови на Јоил: Шемаја, неговиот син Гог, неговиот син Семеј,
5негов син Миха, негов син Реаја, негов син Ваал,
6негов син Беера, кого што асирскиот цар Тилгат-Пилнесер го одведе во плен. Тој беше началник на Рувимците.
7А роднините негови, според родовите нивни, според нивниот родословен список, беа: Јеиел — главен, потоа Захарија
8и Бела, син Азазов, син на Шема, син Јоилов; тој живееше во Ароер, до Нево и до Ваал-Меон;
9потоа живееше тој кон исток сѐ до влезот во пустината, кој се протега до реката Еуфрат, зашто беа многубројни во земјата Галаадска.
10Во дните на Саул, тие водеа војна со Хагријците, а тие се населија во шаторите нивни по целата источна страна на Галаад.
11Синовите Гадови живееја спроти нив во земјата Башанска, до Салеха:
12во Башан главен беше Јоил, втор — Сафан, потоа Јанај и Шафат.
13Браќата нивни со челадта своја беа седум: Михаил, Мешулам, Сева, Јорај, Јакан, Зија и Евер, седум.
14Еве ги синовите на Авихајл, син на Хури, син на Јароах, син Галаадов, син на Михаил, син Јешишаев, син Јахдоев, син Бузов.
15Ахи, син на Авдиел, син Гуниев, беше началник во домот на својот род.
16Тие се населија во Галаад, во Башан и по селата негови и во сите пасишта на Сарон, сѐ до крајните предели нивни.
17Тие сите беа впишани во родословијата во времето на јудејскиот цар Јотам и во времето на израелскиот цар Јеровоам.
18Меѓу потомците на Рувим и Гад и половината од племето Манасиево имаше воинствени луѓе, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и опитни на борба, — четириесет и четири илјади седумстотини и шеесет души, што одеа во војна.
19Тие војуваа со Хагријците, со Јетурејците, Нафишејците, Нодавејците.
20И помош им беше дадена против нив, и Хагријците беа предадени во рацете нивни со сѐ што имаа, зашто во времето на борбите тие Го повикуваа Господа и Тој ги услишуваше, зашто на Него се надеваа.
21И ги зедоа стадата нивни: педесет илјади камили, ситен добиток двесте и педесет илјади, магариња две илјади и сто илјади луѓе.
22Зашто ранети паднаа многу, бидејќи борбата беше од Бога. И живееја на нивното место сѐ до прогонството.
23Потомците од племето Манасиево живееја во таа земја од Башан до Ваал-Ермон и Сенир и до гората Ермон; и тие се намножија.
24Еве ги нивните началници: Ефер, Јиши, Елиил, Азриил, Еремија, Ходавија и Јахдиел, мажи силни, мажи прочуени, глави на родовите свои.
25Но тие направија престап против Бога на татковците свои и почнаа да живеат блудно според боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно,
26тогаш Бог Израелов го поттикна духот на асирскиот цар Пул и духот на асирскиот цар Тилгат-Пилнесер, и тие ги преселија Рувимците и Гадовците и половината од племето Манасиево и ги одведоа во Хелах, Хавор и Хара и на реката Гозан, каде што се и до ден денешен.
27Синови на Левиј беа: Гершом, Каат и Мерари.
28Синови на Каат: Амрам, Јицхар, Хеврон и Узиил.
29Синови на Амрам: Арон, Мојсеј и Мирјам. Синови на Арон: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.
30Елеазар го роди Финес. Финес го роди Авишуа.
31Авишуа го роди Буки, Буки го роди Озиј,
32Озиј го роди Зараја, Зараја го роди Мериел.
33Мариел го роди Амарија, Амарија го роди Ахитув.
34Ахитув го роди Садок, Садок го роди Ахимаа.
35Ахимаа го роди Азарија, Азарија го роди Јоанан.
36Јоанан го роди Азарија, тој беше свештеник во домот во кој живееше Соломон во Ерусалим.
37И Азарија го роди Амарија, Амарија го роди Ахитув.
38Ахитув го роди Садок, а Садок го роди Селум.
39Селум го роди Хелкија, а Хелкија го роди Азарија.
40Азарија го роди Сераја, Сераја го роди Јоседек.
41А Јоседек отиде во пленство со Јуда и Ерусалим во рацете на Навуходоносор.