1Синовите на Давид, што му се родија во Хеврон, беа: првенецот Амнон, од Ахиноама, Јизреелка; вториот — Даниел, од Авигеја, Кармилка;
2третиот — Авесалом, син од Мааха, ќерка на Гесурскиот цар Талмај; четвртиот — Адонија, син на Хагита;
3петтиот — Сафатија, од Авитала; шестиот — Јитреам, од жена му Егла,
4шестина што му се родија во Хеврон; тој царуваше таму седум години и шест месеци; а триесет и три години царуваше во Ерусалим.
5Овие, пак, му се родија во Ерусалим: Шима, Шовав, Натан и Соломон — четворица од Шуевата ќерка, ќерката Амиелова;
6Јивхар, Елишуа, Елифелет.
7Ногах, Нефег, Јафија,
8Елишама, Елијада и Елифелет — деветмина.
9Тоа се сите синови Давидови, освен синовите од прилежниците. Сестра им беше Тамара.
10Соломонов син беше Ровоам, негов син — Авија, негов син — Аса, негов син Јосафат,
11негов син Јорам, негов син Охозија, негов син — Јоас,
12негов син Амасија, негов син — Азарија, негов син — Јотам,
13негов син Ахаз, негов син — Езекија, негов син Манасија,
14негов син — Амон, негов син — Јошија.
15Синови на Јошија: првенецот Јоханан, вториот — Јоаким, третиот — Седекија, четвртиот — Селум.
16Синови на Јоаким: Јехонија, син негов; Седекија, негов син.
17Синови на Јехонија, заробеник во Вавилон: Салатиил, негов син;
18Малкирам, Федаја, Шенацар, Јекамија, Хошама и Невадија.
19Синовите на Федаја: Зоровавел и Семеј. А синови на Зоровавел: Мешулам, и Ананијаја, и сестрата нивна Шеломита
20и уште петмина: Хашува, Охел, Варахија, Хасадија и Јушав-Хесед.
21Синови на Ананија: Пелатија и Јишаија; негов син Рефаја, негов син Арнан, негов син Авдија, негов син Шеканија.
22Син на Шеканија: Шемаја, синови на Шемаја: Хатуш, Јигал, Баријах, Неарија и Шафат — шестмина.
23Синови на Неарија: Елиоенај, Хизкија и Азрикам — тројца.
24Синови на Елиоенај: Ходавија, Елијашив, Фелаија, Акув, Јоханан, Делаја и Анани — седуммина.