1 Chronicles 152006

1Тогаш си изгради тој палата во Давидовиот град, подготви мес­то за ковчегот Божји и направи скинија за него.

2И рече Давид: „Никој не смее да го носи ковчегот Божји, освен левитите, бидејќи нив ги избра Господ, за да го носат ковчегот Господов и да Му служат засекогаш.“

3И ги собра Давид сите Израелци во Ерусалим, за да го внесат ковчегот Гос­подов на местото негово, што го беше поставил за него.

4Па ги свика Давид синовите Ароно­ви и левитите:

5од синовите Каатови, началникот Уриил и браќата негови — сто и дваесет души;

6од синовите Мерариеви, начал­никот Асаја и браќата негови — двесте и дваесет души;

7од синовите Гершомови, начал­никот Јоил и браќата негови — сто и триесет души;

8од синовите Елицафанови, начал­никот Шемаја и браќата негови — двесте;

9од синовите Хевронови, начални­кот Елиил и браќата негови — осумдесет;

10од синовите Узиилови, начални­кот Аминадав и браќата негови — сто и дванаесет.

11И ги повика Давид свештениците: Садок и Авијатар, и левитите: Уриил, Асаја, Јоил, Шемаја, Елиил и Ами­надав,

12и им рече: „Вие, началници на ле­витските родови, осветете се, вие и браќата ваши, и однесете го ковчегот на Господ, Бог Израелов, на местото, што сум му го подготвил;

13и поради тоа што порано не го вршевте вие тоа, Господ, Бог наш, нѐ раздели, затоа што не Го баравме, како што требаше.“

14И се осветија свештениците и левитите, за да го носат ковчегот на Господ, Бог Израелов.

15И синовите левитски го понесоа ковчегот Божји, како што беше запо­ведал Мојсеј според словото Господово, на раменици, со лостови.

16Тогаш Давид им заповеда на левитските началници да ги постават браќата свои певци со свирки — харфи, лири и кимвали, да разгласат со висок радосен глас.

17Левитите го поставија Јоиловиот син Еман, и од браќата негови — Вара­хиевиот син Асаф, а од синовите Мера­риеви, нивни браќа — Кушаие­виот син Етан;

18и со нив браќата нивни, од втор ред: Захарија, Јаазиел, Шемирамот, Јехиил, Униј, Елијав, Ванеја, Маа­сејаху, Мати­тија, Елифлеху, Микнеја, Аведар и Јеиел — вратари.

19Еман, Асаф и Етан удираа силно на бакарни кимвали,

20а Захарија, Азиел, Шемирамот, Јехиил, Униј, Елијав, Маасејаху и Ване­ја — на харфи, според Аламот.

21А Матитија, Елифлеху, Микнеја, Аведар, Јеиел и Азазија — на лири, спо­ред Шеминит.

22Кенанија, пак, началник левитски, бе­ше учител по пеење, зашто беше вешт во пеењето.

23Варахија и Елкана беа вратари кај ковчегот.

24Шеванија, Јосафат, Натанаил, Амасај, Захарија, Ванеја и Елиезер, свештеници, трубеа со труби пред ков­чегот Божји. Аведар и Јехија беа вратари кај ковчегот.

25И така Давид и старешините изра­елски и илјадниците отидоа да го пренесат ковчегот на заветот Гос­подов од домот на Аведар со веселба.

26И кога Бог им помогна на левитите, што го носеа ковчегот на заветот Гос­подов, заклаа како жртва седум телиња и седум овни.

27Давид беше огрнат со наметка од тенко платно, а исто така и сите левити, и пејачите што го носеа ков­чегот, како и Кенанија, кој рако­водеше со сви­рачите и со пејачите. Давид носеше и ленен ефод.

28И така сиот Израел го внесуваше ковчегот на заветот со извици, при звуци од рог, труби и кимвали, свирејќи на харфи и лири.

29Кога ковчегот на заветот Госпо­дов влегуваше во Давидовиот град, Михала, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот и, откако го виде царот Давид како игра и се весели, го презре во срцето свое.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Chronicles 15.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.