1Тирскиот цар Хирам испрати кај Давид пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом.
2Откако разбра Давид дека Господ го утврдил за цар над Израел, дека царството негово се воздигнува високо, заради народот негов Израел,
3тој си зеде уште жени во Ерусалим, и му се родија уште синови и ќерки.
4Еве ги имињата на оние што му се родија во Ерусалим: Шамуа, Шовав, Натан и Соломон,
5Јивхар, Елишуа, Елпелет,
6Ногах, Нефег, Јафија,
7Елишама, Беелјада, Елифелет.
8И слушнаа Филистејците дека Давид бил помазан за цар над целиот Израел, и сите тие се кренаа да го фатат Давид. А Давид, откако разбра, излезе против нив.
9Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската Долина.
10Давид Го праша Бога, велејќи: „Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?“ Господ му одговори: „Оди, Јас ќе ги предадам во рацете твои.“
11Тие отидоа во Ваал-Перацим, и таму ги порази Давид. И рече Давид: „Бог продре меѓу моите непријатели преку раката моја како што продира вода.“ Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Перацим.
12И Филистејците ги оставија боговите свои таму, а Давид заповеда, да ги изгорат.
13И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината.
14Давид пак Го праша Бога, и Бог му одговори: „Не оди им во пресрет, туку заобиколи ги и оди кон нив откај црниците;
15и кога ќе чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ќе излезе пред тебе за да ја порази филистејската војска.“
16Давид направи така, како што му заповеда Господ, и ја порази филистејската војска, од Гаваон до Гезер.
17И Давидовото име се прочу по сите земји, и Господ направи да се плашат од него сите народи.