1 Chronicles 132006

1Давид се советуваше со илјадниците, стотниците и со секој водач,

2и му кажа на целото собрание из­раелско: „Ако ви е угодно, и ако благоволи Господ, Бог наш, да испратиме до другите наши браќа насекаде по целата израелска земја, а исто така и до свеш­тениците и левитите во градовите и се­лата нивни, за да се соберат кај нас,

3и да го пренесеме ковчегот на на­шиот Бог кај нас, зашто во времето на Саул не се обраќавме кон него.“

4И целото собрание рече: „Така нека биде!“ зашто тоа му се виде праведно на целиот народ.

5Така Давид ги собра сите Израел­ци, од Шихор египетски до влезот во Хамат, за да го пренесат ковчегот Божји од Кирјат-Јарим.

6И отиде Давид и сиот Израел во Кирјат-Јарим, што е во Јудеја, за да го пренесат оттаму ковчегот на Бог, Го­с­под, Кој седи на херувими, врз кого се повикува Неговото име.

7И го повезоа ковчегот на нова кола од домот Авинадавов, а Оза и Ахјо ја водеа колата.

8Давид, пак, и сите Израелци играа со сета сила пред Бога, во придружба на гусли, псалтири, тимпани и труби.

9Кога стигнаа до Кидоновото гумно, Оза посегна со раката да го придржи ковчегот, бидејќи воловите го беа на­страниле.

10Но Господ се разгневи на Оза и го погуби поради тоа што посегна со рака кон ковчегот, и тој умре на самото место пред Божјото лице.

11Давид се нажали затоа што Господ го погуби Оза. И го нарече тоа место Фарес-Оза така се нарекува и до ден денешен.

12И во тој ден Давид се уплаши од Бога и рече: „Како ќе го внесам кај себе ковчегот Божји?“

13И не го донесе Давид ковчегот кај себе во Давидовиот град, туку го засолни во куќата на Гетчанецот Аведар.

14И остана ковчегот Божји кај Аве­дар, во куќата негова, три месеци, и Господ го благослови домот на Аведар и сѐ што имаше.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Chronicles 13.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.