1 Chronicles 162006

1Го донесоа ковчегот Божји и го поставија среде скинијата, што ја беше направил Давид за него и Му принесе на Бога жртви сепаленици, и помирителни жртви.

2Кога Давид заврши со сепалениците и принесувањето на поми­рителни жрт­ви, го благослови народот во името Господово,

3и им раздаде на сите Израелци, и на мажи и на жени, по еден леб, по едно парче месо и по чаша вино.

4Тогаш постави тој на служба пред ковчегот Господов некои од левитите, за да славословат, да благодарат и да Го превознесуваат Господ, Бог Израелов:

5Асаф — за раководител, втор по него — Захарија, Јеиел, Шемирамот, Јехиил, Матитија, Елијав, Ванеја, Аведар и Јеиел со харфи и лири, и Асаф — да уди­ра на кимвали,

6а Ванеја и Јахазиел, свештеници, — да трубат постојано пред ковчегот на заветот Божји.

7Во тој ден Давид за првпат даде псалм за славословие на Господ преку Асаф и браќата негови:

8„Славете Го Господа, разгласувајте го името Негово; кажувајте ги делата Негови меѓу народите;

9пејте Му, свирете Му; раскажувајте за сите Негови чудеса;

10фалете се со Неговото свето име; нека се весели срцето на оние, кои Го бараа Господа;

11побарајте Го Господа и силата Не­гова, барајте го постојано лицето Не­гово,

12спомнувајте ги чудесата, што ги изврши, знаците Негови и судовите од устата Негова;

13вие, семе Израелово, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови!

14Тој е Господ, Бог наш; Неговите су­дови се по целата земја.

15Помнете го вечно заветот Негов, словото, што го заповеда за илјада родови,

16она, што му го вети на Авраам и во кое му се колнеше на Исак.

17Тој му ја постави на Јаков за закон и на Израел за вечен завет,

18велејќи: ‚Тебе ќе ти ја дадам земјата хананска, како ваш наследен дел.‘

19Тие тогаш беа малубројни, мошне малку и во неа беа придојдени,

20и талкаа од народ до народ и од едно царство до друго племе;

21но не дозволи никому да ги навредува и ги разобличуваше заради нив царевите:

22‚не гибајте ги Моите помазаници и не правете им зло на Моите пророци.‘

23Пеј Му на Господ, цела земјо, на­вестувајте го од ден во ден спасението од Него.

24Разгласувајте ја меѓу незнабошци­те славата Негова, и меѓу сите луѓе чудесата Негови,

25зашто Господ е голем и достоен за слава, пострашен од сите богови.

26Зашто сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата.

27Слава и величие пред лицето Него­во, сила и радост во Неговото Свето место.

28Воздајте Му на Господ, племиња народни, воздајте Му на Господ слава и чест!

29Воздајте Му ја на Господ славата на името Негово. Принесете дар, дојдете пред лицето Негово, поклонете Му се на Господ во сјајот на светлината Негова.

30Трепери пред Него, цела земјо, зашто Тој ја основа вселената, и таа нема да се разниша.

31Нека се веселат небесата, да ликува земјата, и нека се вели меѓу народите: ‚Господ царува!‘

32Нека се бранува морето и сѐ што го исполнува, да се радува полето и сѐ што е на него.

33Да ликуваат заедно сите дрвја во лаговите пред лицето на Господ, зашто Тој доаѓа да ја суди земјата.

34Славете Го Господа, зашто Тој е добар и милоста Му е вечна,

35и речете: ‚Спаси нѐ, Боже, Спасите­ле наш! Собери нѐ и избави нѐ од народите, за да го славиме Твоето свето име и да се фалиме со Твојата слава!‘

36Благословен Господ, Бог Израе­лов, отсекогаш и засекогаш!“ И сиот народ рече: „Амин, алилуја!“

37Давид ги остави таму, пред ковче­гот на заветот Господов, Асаф и браќа­та негови за да служат пред ковчегот постојано, секој ден,

38Аведар и браќата негови, шеесет и осум души; Аведар, син Једутунов, и Хоса — за вратари;

39а свештеникот Садок и браќата не­гови, свештеници, ги остави пред Гос­подовиот дом, што беше на висината на Гаваон,

40за да принесуваат жртви на Господ врз жртвеникот за сепаленици постојано — наутро и навечер, и за сѐ што е пишано во законот на Господ, што Тој му го даде на Израел;

41и со нив Еман и Једутун и другите избраници, кои беа именувани посебно, за да Го слават Господа, зашто милоста Негова е вечна.

42Со нив Еман и Једутун да Го слават Бога, свирејќи со труби и кимвали и со разни свирки; а синовите Једутунови ги постави кај вратата.

43Потоа се разотиде сиот народ, секој во домот свој; си отиде и Давид, за да го благослови својот дом.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Chronicles 16.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.