Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ruth 2

:
Macedonian - 1990
1 Ноемин имаше роднина по мажот, човек многу виден, од племето на Елимелех, по име Воз.
2 И Моавката Рут ѝ рече на Ноемина: »Ќе тргнам по нивјата и ќе собирам класје по оној во чии очи ќе најдам наклоност (љубов).« Таа и одговори: »Оди ќерко.«
3 Таа отиде и почна да бере на една нива класје по жетварите. И се покажа дека таа нива му припаѓа на Воз, којшто беше од племето Елимелехово.
4 И ете, Воз дојде од Витлеем и им рече на жетварите: »Господ со вас.« Тие му одговорија: »Нека те благослови Господ!«
5 И Воз го запраша слугата свој, надгледувачот на жетварите: »Чија е онаа млада жена?«
6 Слугата, надзорникот над жетварите, одговори и рече: »Таа млада жена е Моавка, дошла со Ноемина од Моавските полиња;
7 таа ни рече: ‚Оставете ме да берам и да собирам меѓу снопјата по жетварите‘; дојде и остана тука од утрината до сега; таа малку останува дома.«
8 И Воз ѝ рече на Рут: »Слушај, ќерко моја, не оди да собираш на друга нива и не си оди оттука, туку остани со моите слугинки;
9 гледај на која нива тие жнеат, и оди со нив; ете јас им заповедав на слугите свои да не ти пречат; кога ќе ожедниш, оди кај садовите и пиј, од каде што црпат слугите мои.«
10 Таа падна ничкум, се поклони до земја и му рече: »Со што се здобив пред очите твои со милост, па ме примаш, иако сум туѓинка?«
11 Воз ѝ одговори и ѝ рече: »Ми рекоа за сѐ што си направила за свекрвата своја по смртта на мажот твој, дека си оставила татко, мајка и татковина и си дошла меѓу народ кој не си го познавала до вчера и завчера;
12 Господ нека ти возврати за твоето дело, и да добиеш полна награда од Господа, Бог Израилев, при Кого си дошла, за да се успокоиш под Неговите крилја!«
13 Таа одговори: »Можеби ќе најдам милост пред очите твои, господару мој! Ти ме утеши и ѝ зборуваше од срцето на робинката своја, макар и да не вредам ни колку една слугинка твоја.«
14 И ѝ рече Воз: »Кога ќе приближи времето за јадење, дојди тука и јади леб и топи го залакот свој во оцет.« И таа седна при жетварите. Тој ѝ даде леб; таа јадеше, се најаде, и уште ѝ остана.
15 И стана да собира класје. Воз им заповеда на слугите и рече: »Нека собира и меѓу снопјата, и не ја навредувајте;
16 дури и од снопјата потфрлувајте и оставајте; нека собира и немојте да ја прекорувате.«
17 Така собираше таа на нивата до вечерта и го исчука собраното и тоа даде близу една ефа јачмен.
18 Откако го зеде тоа, отиде во градот, и свекрва ѝ виде, колку беше собрала таа. И го извади Рут од пазувите свои и ѝ го даде она, што ѝ беше останало, откако се беше најала.
19 И ѝ рече свекрвата: »Каде береше денес и каде работеше? Да биде благословен оној, што те примил!« Рут ѝ кажа на свекрвата своја, кај кого работела, и рече: »Човекот, кај кого денес работев, се вика Воз.«
20 И ѝ рече Ноемин на снаата своја: »Нека е благословен од Господа, поради тоа што не ги лиши од милоста своја ниту живите, ниту умрените!« И ѝ рече Ноемин: »Тој човек ни е близок; тој е наш роднина.«
21 Моавката Рут ѝ кажа на свекрвата своја: »Тој дури ми рече остани при слугинките мои, додека да ја завршат жетвата моја.«
22 И ѝ рече Ноемин на снаата Рут: »Добро е, ќерко, тоа што си одела со слугинките негови, и нема да те оскрбуваа на друга нива.«
23 Така се приклучи таа кон Возовите слугинки и береше класје, додека заврши јачменовата жетва и пченичната жетва, и живееше при свекрвата своја.