Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ruth 1

:
Macedonian - 1990
1 Во она време, кога управуваа судиите, настана глад во земјата. И еден човек од Витлеем Јудејски отиде да живее во Моавските полиња, заедно со жена си и двајцата синови свои.
2 Името на тој човек му беше Елимелех, името на жена му Ноемина, а двајцата синови негови се викаа Малон и Хелеон: тие беа од Еуфрат, од Витлеем Јудејски. И дојдоа во Моавските полиња и останаа таму.
3 Елимелех, мажот на Ноемина, умре, и таа остана со двајцата синови свои.
4 Тие си зедоа за жени Моавки, на едната името ѝ беше Орфа, а на другата Рут; и живееја таму околу десет години.
5 Но подоцна и обајцата синови нејзини, Малон и Хелеон, умреа, и остана таа жена без двајцата синови свои и без мажот свој.
6 Тогаш таа се крена со снаите свои и се врати од Моавските полиња, бидејќи беше чула во Моавските полиња дека Бог го посетил Својот народ и му дал леб.
7 И таа тргна од она место, каде што живееше, и двете снаи нејзини со неа. Кога одеа по патот, враќајќи се во Јудејската земја,
8 Ноемин им рече на двете свои снаи: »Одете и вратете се секоја во татковата си куќа; Господ нека ви направи милост, според тоа како постапувавте со покојните и со мене!
9 Нека ви даде Господ да најдете прибежиште секоја во куќата на својот маж!« И ги бакна. Но тие повикаа, и заплакаа, па
10 ѝ рекоа: »Не, ние ќе се вратиме со тебе при твојот народ.«
11 А Ноемин рече: »Вратете се, ќерки мои; зошто ќе доаѓате со мене? Зар уште имам во утробата своја синови, кои би ви станале мажи?
12 Вратете се, ќерки мои, одете си, бидејќи сум веќе стара и не можам да се омажам; па и да речев: ‚уште имам надеж‘, и дури оваа ноќ да се омажам и подоцна да родам синови,
13 ќе можете ли да чекате, додека да пораснат? Можете ли да се одржите да не се омажите? Не, ќерки мои, многу ми е жал за вас, зашто раката Господова ме порази.«
14 Тие повикаа и пак заплакаа. И Орфа се прости со свекрвата своја и се врати при родот свој, а Рут остана со неа.
15 Ноемина ѝ рече на Рут: »Ете, јатрвата ти се врати при родот свој и при боговите свои; врати се и ти по јатрвата своја.«
16 Но Рут одговори: »Не ме принудувај да те оставам и да се одделам од тебе; но каде што ќе одиш ти, таму ќе дојдам и јас, и каде ќе живееш ти, таму ќе живем и јас; твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог мој Бог;
17 и каде што ќе умреш ти, таму и јас ќе умрам и ќе бидам погребана; Господ нека ми го направи тоа и нешто повеќе нека додаде; само смртта ќе ме раздели од тебе.«
18 Ноемина, откако виде дека таа цврсто е решена да отиде со неа, престана да ѝ зборува.
19 И одеа тие двете, додека стигнаа до Витлеем, целиот град се раздвижи поради нив, и рекоа: »Ова ли е Ноемина?«
20 Таа им рече: »Не ме викајте Ноемина, викајте ме Мара, зашто Седржителот ми испрати голема горчевина.
21 Јас излегов одовде заможна, а Господ ме врати со празни раце: зошто да ме викате Ноемин, кога Господ ме принуди да страдам, и Седржителот ми испрати несреќа?«
22 И Ноемина се врати, а заедно со неа и снаата нејзина, Моавката Рут, кој дојде од Моавските полиња; тие пристигнаа во Витлеем, кога беше почнала јачменовата жетва.