Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 9

:
Macedonian - 1990
1 Ви зборувам вистина во името на Христа, не лажам тоа го сведочи мојата совест преку Светиот Дух,
2 дека ми е многу жал и срцето ме боли постојано;
3 оти повеќе би сакал јас да бидам одвоен од Христа за браќата свои, моите сродници, по плот,
4 кои се Израилци, на кои и им припаѓа посинувањето и славата и заветите и Законот, и службата кон Бога и ветувањата;
5 нивни се и оците, од нив по плот е и Христос, Кој е Бог над сите, благословен во веки. Амин!
6 А не е можно зборот Божји да не се оствари: бидејќи не сите што се од Израилот, се Израилци,
7 ниту се, пак, сите семе Авраамово, за тоа што се негови чеда; но речено е: »Од Исака потомството ќе се нарече со твое име«.
8 Односно, не чедата на телото се чеда Божји, туку чедата на ветувањето ќе се признаат како потомци.
9 Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: »Во тоа време ќе дојдам, и Сара ќе има син«.
10 И не само таа, но и Ревека, која наеднаш зачна од Исака, нашиот татко,
11 зашто, уште додека не се беа родиле и не беа направиле ништо добро или лошо за да се знае дека Божјото решение во изборот не е од делата, туку од Повикувачот,
12 ѝ беше речено: »Поголемиот ќе му робува на помалиот«,
13 како што е напишано: »Јакова го возљубив, а Исава го намразив«.
14 Што да речеме пак? Зар има неправда во Бога? Никако!
15 Оти Он му рече на Мојсеја: »Кој е за помилување, ќе го помилувам, и кој е за сожалување, ќе го сожалам«.
16 И така, тоа зависи не од оној, кој пожелува, ниту од оној, кој трча, туку од Бога, Кој милува.
17 Зашто Писмото му вели на Фараонот: »Точно за тоа те издигнав, за да ја покажам над тебе силата Своја и името Мое да биде проповедано по целата земја«.
18 Па така, кого го сака, го милува; кого го сака, го прави жесток.
19 Но ќе ми речеш: »А зошто уште нѐ кори?« А кој може да се спротивстави на Неговата волја?
20 Ама ти, човеку, кој си, та спориш со Бога? Творението зар ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво?
21 Или, пак, грнчарот нема ли право над глината, од едно и исто месиво да направи еден сад за честење, а друг за нечесна употреба?
22 Па што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја јави Својата моќ, со голема долготрпеливост поднесе некои садови на гневот, приготвени за погибел?
23 Иако Он, за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на милосрдноста, приготвувани од Него за слава,
24 нѐ помилува нас, кои нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците,
25 како што и Осиј вели: »Ќе го наречам Мој народ оној, кој не беше Мој народ, и омилена неомилената«.
26 И на она место, каде што ќе им се рече: »Вие не сте Мој народ; таму ќе бидат наречени синовите на живиот Бог.«
27 А Исаија извика за Израилот: »Иако е бројот на Израилевите синови колку што е морскиот песок, остатокот само ќе се спаси,
28 оти ќе го заврши делото и ќе реши по правда: Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата«.
29 И како што предрече Исаија: »Ако Господ Саваот не беше ни оставил семе, ќе станевме како Содом и ќе заприлегавме на Гомор.«
30 Што да се рече пак? Незнабошците, кои не бараа оправдание, добија оправдание преку верата.
31 И Израилот, кој бараше закон на правдата, не достигна до Законот на правдата.
32 Зошто? Затоа дека бараше не од верата, а од делата на Законот. Оти се сопнаа од каменот за сопнување,
33 како што е напишано: »Еве, го полагам на Сион каменот за сопнување и каменот на соблазан; и секој, кој верува во Него, нема да се посрами«.