Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 8

:
Macedonian - 1990
1 И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото, а по Духот,
2 бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.
3 Она, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото од гревот, и поради гревот Он го осуди гревот во телото,
4 за да се оправда Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.
5 Оти оние, кои живеат по тело, мислат за телесното, а кои живеат по Дух за духовното.
6 Телесното мудрување е смрт, а духовното мудрување живот и мир;
7 бидејќи телесното мудрување е непријателство против Бога; на законот Божји тоа не му се покорува, ниту, пак, може.
8 А оние, кои живеат по телото, не можат да Му угодат на Бога.
9 Вие живеете не по тело, туку по дух, само тогаш ако Духот Божји живее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов.
10 Ако е, пак, Христос во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради правдата.
11 Но ако Духот на Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, живее во вас, тоа Оној, Кој Го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.
12 И така, браќа, ние не сме му должни на телото, та да живееме по телото;
13 бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате работите на телото, ќе бидете живи.
14 Сите оние, што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји;
15 оти вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: Ава, Оче!
16 Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји.
17 А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.
18 Оти мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата, која ќе се јави во нас.
19 А и тварите со нетрпение го очекуваат прославувањето на синовите Божји,
20 зашто и тие не ѝ се покорија на суетата доброволно, туку по волјата на Оној, Кој ги покори, а со надеж
21 дека и тие сами ќе се ослободат од ропството на распаѓањето при славното ослободување на синовите Божји.
22 Оти знаеме дека сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега.
23 И не само тие, туку и ние самите, кои го имаме начетокот на Духот, воздивнуваме во себеси, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело,
24 бидејќи со надеж се спасивме. А надеж за она, што се гледа, не е надеж, оти, како ќе се надева некој на нешто, што го гледа?
25 Кога се надеваме, пак, на она, што не го гледаме, со трпение го очекуваме.
26 Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашите немоќи; бидејќи не знаеме за што да се помолиме, како што треба, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.
27 А Оној, Кој ги испитува срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Он по волјата на Бога посредува за светиите.
28 Знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се призвани по Негова волја, сѐ им врви добро;
29 оти оние, кои ги позна порано, нив и ги определи да бидат слични по образот на Неговиот Син, та Он да биде првороден меѓу многуте еднородни браќа.
30 А оние што ги предопредели, нив и ги повика; и кои ги повика, нив и ги оправда; кои ги оправда, нив и ги прослави.
31 Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?
32 Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, како да не ни подари со Него сѐ?
33 Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е, Кој ги оправдува.
34 Кој е, што ќе суди? Христос ли Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога, и Кој се застапува за нас?
35 Кој ќе нѐ одвои од љубовта Божја; тага ли, неволја ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч?
36 Како што е напишано: »Заради Тебе секогаш нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.«
37 Но во сето ова победуваме преку Оној, Кој нѐ возљуби.
38 Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашнината, ни иднината,
39 ни височината, ни длабочината, ниту, пак, некоја друга твар ќе може да нѐ оддели од љубовта Божја во Христа Исуса, нашиот Господ.