Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 7

:
Macedonian - 1990
1 Или, пак, не знаете, браќа, бидејќи им зборувам на такви што го познаваат Законот, дека законот има власт над човекот додека е тој жив?
2 Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив: умре ли мажот, таа се ослободува од законот, кој ја сврзал со мажот.
3 Затоа, ако при жив маж се омажи таа за друг маж, ќе стане прељубница; ако, пак, умре мажот, таа е слободна од Законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.
4 Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исуса Христа умревте, за да Му припаднете на Друг, Кој воскресна од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.
5 Зашто, кога живеевме во телото, тогаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ принесеме плод на смртта;
6 но сега, кога за Законот умревме, преку кого бевме сврзани, ние се ослободивме од него, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
7 Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, оти и похотта не би ја познал, ако Законот не велеше: »Не похотствувај!«
8 Но гревот, поведувајќи се од заповедта, предизвика во мене секаква желба; бидејќи гревот без Закон е мртов.
9 Некогаш живеев без Закон; но кога дојде заповедта, гревот оживе.
10 Јас, пак, умрев, и се покажа дека заповедта, дадена за живот, ми послужи за смрт,
11 оти гревот, поведувајќи се по заповедта, ме измами и преку неа ме умртви.
12 Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра.
13 Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се покаже дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гревот да стане премногу грешен.
14 Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум од тело, продадено на гревот.
15 А што правам, не знам; бидејќи не го вршам она, што сакам, туку она, што го мразам, тоа го правам.
16 Ако, пак, го правам она, што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар.
17 И така, јас веќе не го правам тоа, туку гревот, што живее во мене.
18 Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; бидејќи желба за добро во мене има, но да го правам тоа, не наоѓам сили.
19 Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам.
20 А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене.
21 И така, во себеси наоѓам таков закон дека, кога сакам да го правам доброто, злото ми се наметнува.
22 Бидејќи, со својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји,
23 но во органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на гревовниот закон, кој е во моите органи.
24 Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?
25 Му благодарам на својот Бог преку Исуса Христа, нашиот Господ. И така, јас сам со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото на гревовниот закон.