Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Romans 10

:
Macedonian - 1990
1 Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога е да се спаси Израилот.
2 Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не по разумот.
3 Зашто, не познавајќи ја правдата Божја и гледајќи да ја воспостават својата правда, тие не ѝ се покорија на Божјата правда,
4 бидејќи свршетокот на Законот е Христос, преку Кого ќе биде оправдан секој што верува.
5 Мојсеј пишува за оправданието од Законот: »Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив«.
6 А оправданието на верата вели: »Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се возвиси на небото?«, односно да Го симне Христа,
7 или, »Кој ќе слезе во бездната?«, односно да Го изведе Христа од мртвите!
8 Но што вели Писмото: »Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце«, односно словото на верата, што го проповедаме,
9 оти, ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;
10 бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
11 Пак и Писмото вели: »Секој, кој верува во Него, нема да се посрами«.
12 Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите, кои Го призовуваат.
13 Бидејќи, секој, кој го призове името Господово, ќе се спаси.
14 Но како ќе Го призоват Оној, во Кого не поверувале? Како, пак, ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?
15 И како ќе проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: »Колку им се убави нозете на оние, што благовестат мир, кои го благовестат доброто«.
16 Но Благовестието сите не го послушаа. Оти Исаија вели: »Господи, кој поверува во нашето проповедање?«
17 И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето од словото Божјо.
18 Но велам: зар тие не чуја? Напротив, »Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни до краиштата на вселената«.
19 Пак велам: зар Израилот не разбра? Прв Мојсеј кажа: »Јас ќе возбудам во вас ревност не преку ништожен народ, туку преку неразумен народ«.
20 А Исаија смело рече: »Ме најдоа оние, кои не Ме бараа, им се открив на оние, кои не прашаа за Мене«.
21 За Израилот, пак, вели: »Постојано ги подавав рацете Свои кон народ непослушен и упорен«.