Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 4

:
Macedonian - 1990
1 Па што да кажеме за нашиот отец Авраама, што добил по плот?
2 Ако Авраам се оправда со дела, тој има пофалба, но не пред Бога.
3 Оти, што вели Писмото? »Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание.«
4 На оној што работи платата му следува не по милост, туку по долг.
5 Напротив, оному, кој што не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, верата му се прима како оправдание.
6 Така и Давид го наречува оној човек блажен, кому Бог му прима оправдание без дела по Законот, велејќи:
7 Блажени се оние, чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;
8 блажен е оној човек, кому Бог нема да му прими за грев!
9 Ова блаженство, пак, за обрезание ли е или за необрезание? Бидејќи велиме дека на Авраама му беше примена верата како оправдание.
10 Кога му се прими: по обрезанието или пред обрезанието? Не по обрезанието, туку пред обрезанието.
11 И знакот на обрезанието тој го доби како печат на оправдување преку верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним да им се прими како оправдување,
12 и татко на обрезаните, но не на оние, кои обрезанието само го примиле, туку кои и врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, кој ја имаше пред обрезанието.
13 Бидејќи ветувањето кон Авраама или кон семето негово да биде наследник на светот, се даде не преку Законот, туку преку оправдување со посредство на верата.
14 Ако приврзаниците на Законот се наследници, верата е обессилена, и ветувањето уништено;
15 оти Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престапување.
16 Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нам
17 според напишаното: »Те поставив татко на многу народи« пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го вика она што не е како да е.
18 Авраам, без никаква основа за надеж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: »Такво ќе биде твоето потомство.«
19 И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе умртвено, оти беше тукуречи стогодишен, и дека утробата Сарина е веќе во умртвување;
20 и во ветувањето Божјо не се посомни со неверие, туку остана тврд во верата, и Го прослави Бога,
21 наполно уверен дека Он е силен и да го изврши она, што го ветил.
22 Затоа тоа му се прими како оправдание.
23 Но, не само за него е напишано дека му се прими,
24 туку и за нас: ќе ни се прими, ако веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса Христа, нашиот Господ,
25 предаден за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание.