Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 3

:
Macedonian - 1990
1 Па, по што се подобри Јудејците од другите луѓе или што им помага обрезанието?
2 Предимството е големо во секој однос, а главно во тоа, што ним им е поверено словото Божјо.
3 Па што, ако некои не поверувале? Зар нивното неверување ќе ја уништи Божјата вера?
4 Никако! Да признаеме дека Бог е верен, а секој човек лажец, како што е напишано: »За да се оправдаш во зборовите Свои, и да победиш кога си во суд«.
5 Ако, пак, нашата неправда ја покажува Божјата правда, што ќе речеме тогаш? Зар Бог е несправедлив, кога се гневи? Човечки зборувам.
6 Никако! Зашто, како Бог ќе му суди на светот?
7 Оти, ако вистината Божја се возвеличува преку мојата лага за слава Негова, па зошто тогаш мене да ме судат како грешник?
8 Не бива ли тогаш да правиме зло, та да излезе на добро, како што некои хулат на нас и велат дека така учиме? Тие се справедливо осудени.
9 И така, какво предимство имаме? Никакво, оти веќе ги обвинивме, како Јудејците, така и Елините, дека се сите под грев,
10 како што е напишано: »Нема ниеден праведен,
11 нема ниеден разумен, нема кој да Го бара Бога;
12 сите се отстранија, заедно станаа негодни: нема кој да прави добро, нема ниеден«.
13 Грлото нивно отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни змиски отров,
14 устата нивна е полна со клетва и горчина.
15 Нозете нивни им се брзи за проливање крв;
16 пустош и маки по нивните патишта;
17 тие не го познаа патот на мирот.
18 Страв Божји нема пред очите нивни.
19 Знаеме дека она, за што зборува Законот, се однесува на оние, што се под Законот, за да се затворат устите на сите, и така целиот свет да стане виновен пред Бога,
20 зашто преку делата на Законот пред Него нема да се оправда ниедна плот; бидејќи преку Законот се познава гревот.
21 А сега без Закон се јави Божјата правда, посведочена од Законот и Пророците.
22 Божјата правда преку верата во Исуса Христа е во сите и врз сите оние што веруваат; зашто нема разлика:
23 сите згрешија и се лишени од славата Божја.
24 Но ќе се оправдаат преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Христа Исуса,
25 Кого Бог Го определи со крвта Своја да биде милостивна жртва преку верата, за да ја покаже Својата правда во опростувањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение,
26 та да ја покаже Својата правда во сегашно време, дека е Он справедлив и дека го оправдува секого што верува во Исуса.
27 Каде е, пак, фалбата? Таа е исклучена. Според кој закон? Според оној на делата ли? Не, туку според законот на верата.
28 И така, си мислиме дека човекот се оправдува со верата, без дела според Законот.
29 Или Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабошците? Се разбира, и на незнабошците,
30 бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.
31 И така, го нарушуваме ли Законот преку верата? Никако, туку уште го утврдуваме.